fbpx

Промовиран новиот третман на медицински отпад во „Дрисла“, СДСМ вели Град Скопје се фали со туѓи проекти

-

Скопската градоначалничка Данела Арсовска и директорот на ЈП „Дрисла“, Јане Мицевски, денеска го промовираа новиот стерилизатор – автоклав за третман на медицински отпад.

„Она што е важно дека повеќе нема да има несоодветно, односно несовесно согорување на медицински отпад, којшто досега беше третиран практично како обичен отпад. Овој третман на медицински отпад е по најсовремените стандарди со којшто се заштитува животната средина, а едновремено се штити и здравјето на граѓаните“, изјави градоначалничката Данела Арсовска.

Медицинскиот отпад што завршува на скопската депонија веќе нема да се согорува, туку ќе биде подложен на термички процес за да се изврши целосна неутрализација на неговата инфективност. По стерилизирањето, отпадот со шредер ќе се дроби на мали, тенки парчиња, со што повеќе истиот нема да се согорува.

Автоклавот е набавен од италијанската компанија ЦИСА, а за неговото функционирање во „Дрисла“ беше изграден целосно нов објект сосе лабораторија и работни простории. Само за изведба на зданието во кое е сместен автоклавот беа инвестирани околу половина милион евра.

Од СДСМ денеска реагираат на пуштањето во употреба на автоклавот, нагласувајќи дека градоначалничката Арсовска се фали со проекти што се реализирани во „Дрисла“ од претходната власт предводена од градоначалникот Петре Шилегов.

„Опремата за третман на медицинскиот отпад, која ја промовираше Арсовска е набавена и ставена во функција од страна на градската власт предводена од нејзиниот претходник Петре Шилегов“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Социјалдемократите потсетуваат дека претходниот градоначалник Шилегов успеал да ја врати депонијата под управа на Градот Скопје, откако претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски ја даде под концесија на италијанска компанија не ги инвестирала ветените 70 милиони евра како што беше договорено и несоодветно го третирала отпадот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...