Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ, Деспотовски и Ременска со честитки

-

На внатрепартиските избори вчера членовите на владејачката партија СДСМ го избраа кандидатот Димитар Ковачевски за нов претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На 194 гласачки места ширум државата вкупно гласале 44.406 членови на СДСМ, односно 86,5 отсто од активно регистрираните членови на партијата.

Димитар Ковачевски освои 37.649 гласа, за Јован Деспотовски гласале 3.319 членови, додека противкандидатката Фросина Ташевска Ременски ја добила довербата на 2.836 гласа. Бројот на неважечки ливчиња на вчерашното гласење изнесувало 602.

„Денес е голем ден за внатрепартиската демократија на СДСМ. Сакам да ви се заблагодарам на сите што гласавте за нов лидер на партијата. Сакам да им се заблагодарам на сите членови на СДСМ што гласале за мене и што ми дадоа подршка. Искрено им честитам на моите против кандидати, партиските другари Форсина Ременски и Јован Деспотовски за учеството во овој фер натпревар“, изјави новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски.

Тој додаде програмите и настапите на противкандидатите ја збогатиле демократијата во СДСМ и во општеството, но и дале извонредни предлози кои ќе бидат дел од реформите во партијата.

„Наша е одговорноста за се што ќе се случува со партијата, но и во државата во годините што следат. Секогаш кога СДСМ е силен и има јасна агенда која одлучно се спроведува, државата оди напред. Затоа ни треба силен и обединет СДСМ кој има јасни цели и енергија за нивно спроведување. Ние сме столб на прогресивниот дел од општеството и граѓаните со право очекуваат од нас да работиме заедно, одговорно и посветено“, изјави Ковачевски.

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски, по завршување на внатрепартиските избори, му го честиташе изборот на Димитар Ковачевски за нов лидер и повика на обединување за уште подобри резултати за граѓаните. Тој направи разлика помеѓу демократските избори во СДСМ споредбено со оние во опозицијата.

Кандидатката за претседателка на СДСМ Фросина Ременски изрази благодарност до досегашниот претседател Зоран Заев за придонесот во СДСМ и за постигнатото во изминатите периоди и упати честитки до Димитар Ковачевски и на Јован Деспотовски, нагласувајќи дека СДСМ ќе продолжи понатаму да работи во континуитетот на добрите политики.

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К. (21) од...

Ограничувања во сообраќајот во Скопје поради спортскиот настан „Прв до врв“

Министерството за внатрешни работи информира дека поради одржувањето на традиционалниот спортско-рекреативен настан „Прв до врв“ денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на дел од улиците во Скопје. Настанот, организиран од Здружението...

„Нема трагедија, има злосторство“, порачаа роднините на жртвите во Кочани

„Нема трагедија, има злосторство“, „Не беа жртви на пожар, беа жртви на системот“, „Затворени очи, отворени гробови“, со вакви транспаренти и со слики од младите жртви во Кочани денеска нивни роднини...

Светиниколец пукал со пушка во деца што собирале цреши од неговиот двор

69 годишен жител на Свети Николе бил лишен од слобода откако пукал во деца кои береле цреши во неговиот двор, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14 часот во Свети...

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К....