fbpx

Политички барометар: Заев сè уште најпопуларен, СДСМ води со 2 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ

-

Резултатите од „Политичкиот барометар“, анкета која ја спроведува агенцијата „Брима“ покажуваат дека, и покрај ниските рејтинзи на политичарите, најпопуларен политичар во Македонија во моментот е премиерот Зоран Заев за кого се изјасниле 11,8 отсто од испитаниците, додека за Христијан Мицкоски 7 отсто. Како што објави „Слободен печат“, од етничките Албанци, води Али Ахмети со 5,9 отсто, потоа Биљал Касами со 4,4 отсто, Зијадин Села со 4,1 отсто и Африм Гаши со 0,4 отсто.

На прашањето, пак, „За кандидат на која политичка партија би гласале за градоначалник на вашата општина на претстојните локални избори?“ 19,5 отсто од испитаниците одговориле СДСМ, потоа 17,5 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, 7,2 отсто за ДУИ, а 6 отсто за Алијанса за Албанците.

За Движењето БЕСА се определиле 4,7 отсто, исто колку и за Левица. Последна на листата е ДПА со 1,1 отсто од испитаниците. Останатите партии имаат поддршка од под еден процент.

Резултатите велат дека 12,7 отсто немаат одлучено за кого ќе гласаат, 9,3 отсто нема да гласаат, 7,3 отсто одбиле да одговорат, а по 3,7 отсто или одговориле дека нема да гласаат или дека не знаат дали ќе гласаат.

Над 44 отсто се изјасниле дека „многу веројатно“ ќе гласаат на локалните избори, а 30 отсто дека „веројатно ќе излезат“.

Редовниот политички барометар на агенцијата „Брима“ за политичките ставови на населението во Република Северна Македонија во пресрет на локалните избори во државата е теренско истражување, спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на национално репрезентативен примерок.

Како што објави „Слободен печат“, анкетата е направена според методот лице-в-лице, во домот на испитаникот, со запазување на сите демографски карактеристики на популација од 18+ години во државата, во која се опфатени 1.201 испитаници. Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8%.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...