fbpx

Зоран Заев си поднесе оставка од премиерското место и од лидерската позиција на СДСМ

-

Зоран Заев поднесе оставка од претседателската позиција во СДСМ и од премиерската позиција, соопштувајќи ја одлуката на вечерашната прес-конференција. И во вакви околности, тој останува на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори. Заев рече оти претстојат одлични услови за работа во претстојните две и пол години, а тој ќе остане да помогне да се организира ново парламентарно мнозинство.

„Дозволете да им честитам на нашите опоненти за победата на овие избори. Ја преземам одговорноста за себе, поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ, им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа силно за интегрирана Северна Македонија“, изјави Зоран Заев.

Тој рече дека на овие избори биле видливи многу пари на терен кај опозицијата, дојдени доминантно од надвор, но и од газди од градежни компании поради интереси.

Заев рече оти е горд на влезот на земјата во НАТО, на минатогодишната одлука за почеток на преговорите во ЕУ, при што тој истакна дека верува оти има шанси да почнеме преговори со ЕУ како земја. И покрај ковид пандемијата, власта спровела успешен попис и изградила успешно пријателство со сите пет соседи.

Зоран Заев изрази разочараност, затоа што мнозинството од народот ги избраа истите луѓе и политичари кои пред четири години сакаа и тргнаа да убиваат. Тој рече дека некои од тие насилници се дури и избрани за градоначалници и советници.

„Видовме и сојузи помеѓу жртви и насилници од 27 април, се здружија без било каков образ за власт и пари“, изјави тој.

Зоран Заев рече оти не е воопшто тешко замислувањето од политиката.

„Јас сум недвојбено убеден дека сум донел слобода и демократија во земјава наша, а кога е слобода и демократија, правилото е дека треба да има преземање на одговорност“, изјави Зоран Заев.

Тој рече дека ја презема одговорноста за лошите резултати од овие избори, за да можат прогресивните сили да опстојат да се борат во иднина.

Инаку, вечерва и досегашниот градоначалник Петре Шилегов ѝ ја честиташе победата на противкандидатката Данела Арсовска. Шилегов изрази благодарност до сите граѓани и активисти кои му ја дадоа поддршката. Тој рече дека СДСМ нема да дозволи на Скопје да му се случуваат силувања на градот како во минатото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...