СДСМ со тројца, ВМРО-ДПМНЕ со еден кандидат, утре ќе бираат претседател на партиите

-

Двете најголеми политички партии во земјава утре одржуваат внатрепартиски непосредни избори. Во СДСМ членовите на партијата ќе гласаат на 194 избирачки места низ општинските организации во земјата, почнувајќи од 08.00 часот наутро, се до 19.00 часот. Изборот кај членовите на СДСМ е од тројца кандидати: Фросина Ременски, Димитар Ковачевски и Јован Деспотовски, коишто во изминатиов период ја претставија својата визија за натамошен развој на партијата.

Од владејачката партија СДСМ денеска велат дека внатрепартиските непосредни избори се врв на демократијата, која што е незамислива за ВМРО-ДПМНЕ. Социјалдемократите велат дека разликата е во бројот на кандидати и во постапката за гласањето на членовите на директни избори во однос на нереформираната ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај изборите во СДСМ што се случуваат по губењето на локалните избори, утре и ВМРО-ДПМНЕ ќе го бира новиот лидер на редовен конгрес. Кандидат за лидерската позиција е постојниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Потпретседателот Александар Николоски денеска изјави дека Мицкоски ако за четири години успеал да ја стабилизира партијата, тогаш во наредните четири години тоа ќе го направи и во државата.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на овој Конгрес ветува дека ќе излезе со нова доктрина која ќе го постави концептот на работа, но и дека тие остануваат народна, демохристијанска и партија која што идеолошки е позиционирана десно од центарот.

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со поддршка од...

Деветмина загинаа во руски напад врз цивилен автобус во северна Украина

Девет лица денеска загинаа во напад на рускo беспилотно летало врз минибус со цивили во северниот украински регион Суми, соопшти локалната воена администрација, неколку часа откако Киев и Москва ги одржаа...

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со...