fbpx

СДСМ најави смена на седум министри, Алтернатива наредната недела ќе одлучи за влез во влада

-

По неуспешниот обид за изгласување на недоверба на владата во Собранието на РСМ минатата недела и по завршените локални избори, од владејачката партија СДСМ најавуваат владина реконструкција, додека од опозициската албанска партија Алтернатива излегоа со информација дека наредната недела ќе одлучат дали ќе влезат во реконструираната влада.

Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи во денешното гостување во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ кај Сашо Орданоски, рече дека Зоран Заев ќе ја предводи новата влада, но и дека ќе има смена на министри од актуелната влада.

„Сметам дека наскоро ќе добиеме „Заев 3“ влада, повторно влада предводена од Заев со тоа што ќе се сменат шест-седум министри. Мислам дека тој ни треба за да продолжат некои процеси“, изјави Битиќи.

Тој смета дека резултатите ќе дефинираат кој ќе остане, а кој ќе замине од Владата, додавајќи дека смета оти ќе треба да има одредена промена на кадрите.

Од опозициската партија Алтернатива, која што во моментов е во коалиција со Алијанса за Албанците, за телевизија Канал 5 пак информираат дека централното претседателство на оваа партија во вторник ќе одлучи дали ќе постанат дел од владата на премиерот Зоран Заев и дали ќе го засилат парламентарното мнозинство со нивните четири пратеници.

Инаку, лидерот на партијата Африм Гаши ја прифатил понудата на премиерот Зоран Заев да се сретнат наредниве денови, но засега нема информација кога би се одржала оваа средба.

Исто така, засега нема подетални информации за тоа кои од актуелните министри ќе си заминат од владата, како и дали позициите на владејачкиот партнер – ДУИ ќе бидат дел од владината реконструкција. Новата влада ќе треба да се изгласа во Собранието на РСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...