понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: родители | 84 резултати

РСБСП со апел до матурантите: Прославите нека поминат без сообраќајни инциденти

мај 20, 2022

„Не си фраер ако загинеш на матура!“, „Покажи ја матурата на дело!“, „На матурска прослава, без автомобил!“ се пораките кои Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ги упати до матурантите и нивните родители на почетокот од периодот на матурските прослави. Во пресрет на матурските прослави, РСБСП апелира до матурантите да не управуваат […]

За шест години, 412 деца се оттуѓени од родителот со кој не живеат

мај 8, 2022

Во периодот од 2016 година до денес, на СОС телефонскиот број „Ало Бушавко“ (070/390-632), евидентирани се 412 деца кои по разводот на нивните родители, се наоѓаат или во фаза на отуѓување или се веќе сосема отуѓени од родителот со кој не живеат. Сепак, се претпоставува дека реалниот број е многу поголем, иако кај нас не […]

Прв ден штрајк на наставниците: Во некои училишта децата се прифаќаат и има настава, во други цели колективи не работат

април 11, 2022

На првиот ден од штрајкот кој го организира раководството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), сликата во училиштата е различна. Во некои училишта се прифаќаат деца и настава се одржува, а во други места, пак, цели наставнички колективи се во штрајк и не прифаќаат деца. Директорот на гимназијата „Орце Николов“, Митко Димовски за […]

Почна новото полугодие, останаа старите проблеми и дилеми

февруари 1, 2022

Од денеска учениците се вратија во училиштните клупи. Со почитување на протоколите кои беа на сила и во првото полугодие, започна и второто, но останаа дилемите – дали треба да се оди на училиште со физичко присуство, дали треба учениците и наставниците да носат маски, дали можеби треба да се размисли уште да се продолжи […]

„Шорткат“: Родителите и професорите да ги намалат очекувањата од учениците пред крајот на првото полугодие

декември 23, 2021

И овој четврток носиме нови важни теми и интересни случувања кои ја одбележаа изминатава недела. Во најновото издание на емисијата за млади „Шорткат“ централна тема ни е враќањето во училница по онлајн наставата, момент којшто исфрли на површина неколку проблеми. Учениците се соочуваат со депресија и анксиозност, вели психологот Ана Поп-Ризова. Погледнете го разговорот со […]

Вистиномер: Со лажни информации се плашат родителите да не ги вакцинираат децата против ковид

ноември 16, 2021

мРНК вакцините не ја менуваат вашата ДНК на кој било начин и затоа не можат да предизвикаат рак. Вакцините за Messenger РНК (мРНК) ги учат клетките како да создадат протеин што предизвикува имунолошки одговор ако некој се зарази. мРНК што се инјектира во вашето тело не комуницира со вашата ДНК. Откако мРНК ќе ја заврши […]

Вистиномер: Вакцинацијата на децата против ковид не е кривично дело, туку слободен избор на родителот

ноември 13, 2021

Во постот се изнесени повеќе неточни тврдења. Децата најчесто полесно го поминуваат ковид-19, но новата делта варијанта на коронавирусот покажа дека нема правила. Во земјава од ковид починаа и млади лица, на возраст од 15, 16 и 17 години. Во однос на тврдењето дека ризикот од сезонски грип е повисок од ризикот за ковид, според […]

Вистиномер: Задолжителната вакцинација во пракса може да се оддолжи, но не и да не се прими

октомври 16, 2021

Мал процент на родители, кои не сакаат да ги вакцинираат своите деца, законски подлежат на постојани казни, т.е. ги плаќаат глобите за секоја одделна вакцина која нивното дете нема да ја прими, а е задолжителна. Овие родители се соочуваат и со уште едед друг дел од законот, кој пропишува дека за прием во градинка или […]

Даниловски: Не ми е јасен отпорот на родителите за земање брис на нивните деца

октомври 15, 2021

Од скринингот во училиштата кој го прави Министерството за здравство може да се има полза само ако се има увид во состојбата во тек на време, односно тестирања треба да се прават еднаш неделно, смета епидемиолог проф. д-р Драган Даниловски откако надлежните почнаа да прибираат согласности од родители на деца кои треба да бидат тестирани […]

Само со скрининг ќе се знае кои деца треба да се изолираат, сметаат дел од родителите

октомври 14, 2021

Од денеска започнува изборот на 8.200 ученици во основното и во средното образование, преку регистарот на електронскиот дневник, кои ќе бидат тестирани за ковид-19. Прво треба да се соберат согласности од родителите на децата кои ќе бидат случајно избрани да им биде земен брис, па идната недела ќе започне тестирањето кое има за цел да […]

Со Биби и Боби во светот на емоциите: Дневник на убавите нешта (видео)

октомври 7, 2021

УНИЦЕФ, Британската амбасада во Скопје и „Светот на Биби“ покренаа нова иницијатива за поддршка на родителите при развивање вештини за користење активности за социјален и емоционален развој на децата преку игра. Новата иницијатива на УНИЦЕФ и „Светот на Биби“, финансирана од Британската амбасада опфаќа серија анимирани приказни, сликовници и друг материјал за поддршка на социјалното […]

ХЕРА: Итно да се реши случајот со извидничкиот настан „Секс скаутс енд рокенрол“

септември 29, 2021

ХЕРА, Асоцијацијата за здравствена едукација апелира за итно постапување на институциите по допрен глас и за целосно расветлување и разрешување на случајот поврзан со извидничкиот настан „Секс скаутс енд рокенрол“, стои во денешното соопштение испратено од асоцијацијата до медиумите. Станува збор за сведоштво на родител кој го споделува искуството на неговото дете кое минатитот викенд […]

Вистиномер: Лага е дека австралиските деца позитивни на ковид-19 се одвојуваат од родителите

септември 3, 2021

Во продолжение ја пренесуваме рецензијата на „Вистиномер“ на објава на Фејсбук што дезинформира дека во Австралија децата позитивни на ковид-19 насила се одвојуваат од родителите: Рецензираме пост на Фејсбук кој е прилично вирален на социјалните мрежи. Станува збор за видео од Австралија за кое се тврди дека прикажува како полицијата насила одзема дете од таткото, […]

Филипче: Родителите на децата што одат во училиште или во градинка да се вакцинираат

август 26, 2021

Родителите на децата што одат на училиште или во градинка да се вакцинираат зашто само така ќе го заштитат своето семејство, но и колективното здравје, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој беше на пунктот за вакцинација во малата сала во „Борис Трајковски“, каде што граѓаните без термин можат да се вакцинираат. Филипче повторно […]

Мешани патроли од родители и полицајци ги посетија местата каде што излегуваат младите во Охрид и Струга

јули 19, 2021

Во периодот  од 16 до 18 јули од 22 до 02 часот, СВР Охрид, на подрачјето на Охрид и на Струга, спроведе превентивна кампања „Соседска патрола“, информираат од СВР Охрид. „Мешани патроли составени од полициски службеници од Отсекот за превенција, претставници од Советот на родители во основните училишта, од Секторот за образование при локалната самоуправа […]

Бојкотот на наставата ставен во мирување, од МОН велат дека дигитализацијата ќе се спроведе

мај 6, 2021

Родителите од иницијативата и Фејсбук-група „Настава и учебници мора да има“ денеска одржаа средба со претставници на Министерството за образование и наука на која се разговарало за неколку точки. Тие на средбата побарале задолжителна употреба на хартиени учебници во основното и во средното образование, исклучување на родово-сензитивното образование, создавање соодветни услови за децата со нетипичен […]

Родителите можат да контролираат што нивните деца гледаат на ТикТок

ноември 18, 2020

Платформата за кратки видеа, ТикТок (TikTok), воведе промени во апликацијата за да им овозможи поголема контрола на родителите врз приватноста на профилите на нивните деца и она што тие го прават додека се приклучени на апликацијата. Новите опции се дел од функцијата наречена „Семејно Поврзување“ (Family Pairing). Поголемиот дел од промените се однесуваат на приватноста, […]

Шахпаска: Нема по секоја цена да ги чуваме градинките отворени

октомври 16, 2020

Во моментот 44 деца од градинките во државата се во изолација, откако се утврдило дека биле во контакт со заболени со ковид-19. Меѓутоа, како што оцени министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заболените деца заразата не ја добиле во градинките, заболените вработени во голем дел се вратени на работа, а состојбата е под […]

Неколку часа не функционира веб-страната на Министерството за образование и наука

октомври 1, 2020

На првиот ден од учебната година, веќе неколку часа не функционира официјалната веб-страна на Министерството за образование и наука. Од МОН засега нема официјално известување која е причината зошто веб-страницата не е во функција. Учениците, студентите, родителите, но и сите засегнати немаат увид во информации неопходни за учебната година кои се објавени на веб страната […]

Во градинките има слободни места бидејќи родители не ги носат децата коишто се запишани

септември 20, 2020

Секојдневната анализа на Министерството за труд и социјална полтитика, покажува дека во градинките постојат запишани деца, меѓутоа нивните родители не ги носат. Дополнително следејќи ја состојбата на дневно ниво, имаме сознанија дека сè уште има слободни места во градинките, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната прес-конференција. „Направена е последна анализа […]

Страна 2 од 4