fbpx

Шахпаска: Нема по секоја цена да ги чуваме градинките отворени

-

Во моментот 44 деца од градинките во државата се во изолација, откако се утврдило дека биле во контакт со заболени со ковид-19. Меѓутоа, како што оцени министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заболените деца заразата не ја добиле во градинките, заболените вработени во голем дел се вратени на работа, а состојбата е под контрола.

„Не по секоја цена ќе ги чуваме градинките отворени, ако видиме дека бројот на позитивни се зголемува. Здравствената состојба на 15 дечиња кои заболеа од 9 септември до 15 октомври и на 45 вработени е добра, што говори дека состојбата е под контрола“ изјави министерката Шахпаска.

Таа објасни дека секој ден напладне се прави пресек на здравствената состојба во сите градинки во Македонија, а секој петок таксативен преглед и се праќа до Комисијата за заразни болести, која одлучува дали ќе продолжат градинките со работа или не.

Шахпаска денеска присуствуваше на дебата за работнички права во Штип, каде зборуваше и директорот на Државниот трудов инспекторат, Алајдин Хавзиу, кој се пожали дека и тие се погодени од пандемијата. Тројца инспектори во моментов се на боледување, поради тоа што се позитивни на ковид-19, како и еден трудов инспектор во Град Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...