Од 23 септември се враќаат на работа сите категории вработени кои досега беа ослободени

-

Од 23 септември вработените лица кои се ослободени од работа, врз основа на утврдената листа на хронични болести, треба да се вратат на своите работни места и редовно да ги извршуваат работните задачи, одлучи Владата на денешната седница. Исклучок од оваа обврска се само лицата кај кои болеста е во фаза на влошување, и  оние со малигна болест, за што треба да имаат потврда и мислење од лекар- специјалист, за да можат да користат боледување, според правилникот на Фондот за здравствено осигурување.

Враќањето на работно место од овој датум ќе важи и за мајките кои досега користеа продолжено породилно отсуство, како и за родителите кои имаат деца до 6 и до 10-годишна возраст, бидејќи градинките и училиштата почнаа со работа, информираат од Владата.

„Вработените кои се ослободени од работа врз основа на користење на продолжено породилно отсуство, од 23 септември 2020 година да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи. Можноста за користење на оваа мерка за продолжено породилно отсуство престанува да важи. Останатите треба да се вратат на работа веднаш по истекот на породилното отсуство“, соопшти Владата.

Според владината одлука, поради фактот дека детските градинки отпочнаа со  згрижување и воспитување на деца од 9 септември, престанува претходната мерка на Владата по овој основ и родителите на деца до шестгодишна возраст, од 23 септември треба да се вратат на своите работни места. Истото важи и за родителите со деца до 10 години, без разлика на начинот на кој детето ќе ја следи наставата во училиштето, (физичко присуство или од далечина).

За остварување на овие одлуки, Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика (МТСП) да испрати писмено укажување до сите детски градинки да продолжат со упис и згрижување на деца, особено на оние деца чии двајца родители се во работен однос, без разлика дали работат од дома или одат на работа.

Воедно, МТСП треба да им укаже на детските градинки да стапат во контакт со родителите чии деца се запишани, а не се донесени за престој во градинките во овој период, за да може да се обезбеди престој и за други деца. Исто така, МТСП, во соработка со единиците на локалната самоуправа и државните институции, треба да ги разгледа можностите, онаму каде што ќе има потреба за тоа, да се искористи слободен простор за згрижување на деца, од детските градинки од подрачјето на општината.

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Од помпезно најавените шест милијарди евра „инвестициски бум“ како дел од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, во првите пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра или околу една...

Опожарени три автомобили во Битола

Ноќеска, половина час по полноќ било пријавено дека се опожарени три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила...

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

На 19 мај во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица, потврдуваат од СВР...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува...