fbpx
Таг: Порталб

таг: Порталб

Работниците од ЈКП Тетово работат во ужасни услови, ветувањето на Касами неисполнето [галерија]

Работниците на „Комунална хигиена“ во ЈКП Тетово продолжуваат да работат во многу лоши услови, во објект во кој малку фали да се сруши таванот. И покрај тоа што градоначалникот на Општина Тетово пред година и половина вети подобри услови за хигиенските работници, дури најави и дислокација, но на терен ситуацијата останува критична. Од Општина Тетово молчат на новинарските прашања,...

Општина Тетово не наплаќала даноци и такси, сметката ѝ е блокирана за долг од над шест милиони евра

Oд 2014 година досега, општинската сметка во Тетово е блокирана. Ова е една од најзадолжените општини во државата, која има доспеани неплатени милионски обврски по различни основи. Ревизорите нотираа дека на крајот на август 2022 година, сметката била блокирана за вкупен долг од над шест милиони евра. Освен за општинскиот буџет, новиот ревизорски извештај се осврнува на наплата на...

ЗНМ со претставка до МВР заради непрофесионалниот однос кон новинарот Бајрами од Порталб.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе поднесе претставка до Министерството за внатрешни работи (МВР) заради попречување на новинарот Суад Бајрами од Порталб.мк при вршење на професионална работа од страна на полициски службеник. Во текот на вчерашната ноќ, за време на протест на вработените во ЈП Комунална хигиена - Скопје, новинарот Бајрами не бил во можност да ја...

По ноќешниот протест на кој Мазнева со полиција „ги молеше“ работниците да работат, денеска почнува чистењето кај болниците

Директорката на скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, околу 1 часот ноќеска, со полициска асистенција, побара од работниците што штрајкуваат да излезат и да си ја вршат работат. Тие, пак, едногласно одбија да работат пред да им бидат исполнети условите, известува Порталб.мк, чиј новинар ноќеска беше во кругот на јавното претпријатие, близу Топлана „Исток“ и до поранешната фабрика...

Нема да го собереме сметот додека не се вратат на работа отпуштените колеги, велат вработени во Комунална хигиена

Вработените во Комунална хигиена во Скопје вчера вечер протестираа во знак на револт кон раководството бидејќи, како што велат, отпуштени биле десетици вработени, но и поради тоа што не им се исполнуваат барањата за зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж. Како што рекоа, сè додека нивните колеги не се вратат на работа и не се исполнат нивните барања,...

Вработените во Комунална преку предупредувачки протест ги бараат своите права, Мазнева им повикала полиција

Група вработени во Комунална Хигиена - Скопје, се обратија до редакцијата на Порталб.мк за да пренесат дека директорката Косана Мазнева не ги зема предвид нивните барања за преговори за покачување на платите, исплата на К-15 и бенефициран стаж и поради ова тие најавуваат протести. Според нив, наместо да ги покани на состанок, директорката повикала полиција. Комунална хигиена не одговори...

Општина Тетово: Големи потфрлувања кај буџетските приходи и расходи, нетранспарентни постапки, што открија ревизорите?

Долга листа забелешки испорачаа државните ревизори за Буџетот за 2021 година на Општина Тетово. Отсуство на транспарентност, неостварување на капитални расходи и даночни приходи се дел од забелешките, пишува Порталб.мк. Еве што нотираат ревизорите за финансиите на оваа општина, која е една од најзадолжените во државата. И приходите и расходите во "минус" со реализација Буџетот на општина Тетово ниту се заснова...

„Макс ван дер Штул“ е еколошки одговорна библиотека, Абдулахи: Дури и едно собрано капаче е вредно

Покрај тоа што им овозможува на студентите да учат, библиотеката „Макс ван дер Штул“ во Тетово служи и како еколошки пункт каде што тие можат да бидат и одговорни граѓани. Во оваа библиотека се собираат капачиња од пластични шишиња кои потоа се рециклираат, а пак собраните средства се наменети за хуманитарни цели. Во врска со оваа активност, Порталб.мк разговараше...

Обвинителството отвори предмет за узурпираниот паркинг позади поликлиниката „Бит-пазар“

По објавување на истражувањето на Порталб.мк во врска со узурпирањето на државните парцели позади поликлиниката „Бит-пазар“, Јавното обвинителство оформил предмет и презема мерки за утврдување на состојбата.  „Јавното обвинителство оформил предмет и истиот е пратен на надлежен јавен обвинител. Се преземаат мерки за утврдување на фактите“, велат кратко за Порталб.мк од Обвинителството.  Отворањето на предметот доаѓа по најавата на Обвинителството дека...

Амбасадорката на Шведска: Земјава ризикува да го изгуби сегашниот силен моментум за проширување, доколку преговорите не започнат навреме

Амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Џаин, во интервју за Порталб.мк зборува за последните случувања во земјата, за уставните измени на евроинтегративниот пат на земјата, реформите во правдата и застапеноста на жените во политиката. Амбасадорката вели дека е охрабрувачки да се види дека почнал дијалогот меѓу власта и опозицијата за уставните измени. Исто така, појаснува дека вистинскиот...

Во Тетово е опасно да се вози велосипед (ФОТО)

Во Тетово нема посебни патеки за велосипедистите. Тоа е причина граѓаните кои возат велосипеди да бидат во постојана опасност, бидејќи мораат да минуваат по улиците каде што се движат и автомобилите. Согласно податоците од СВР Тетово, има велосипедисти кои се жртви во сообраќајни несреќи, пренесува Порталб. Тетовци бараат решение, а од општинските власти нема изгледи дека овој проблем ќе...

Коњи и магариња пасат во тетовскиот скејтпарк, комуналците не ja искосиле тревата [видео]

Коњи и магариња неколку дена пасеа во тетовскиот скејтепарк, каде што тревата со недели не е искосена од одговорните во општинското јавно претпријатие (ОЈП), пренесува Порталб. Сопствениците на фирми што се наоѓаат во близина на паркот, реагираа во Порталб.мк за неодржувањето на паркот. Во меѓувреме, од претпријатието ветија дека во текот на оваа недела ќе интервенираат и ќе го решат...

Четворица кандидати за ректор на Тетовскиот универзитет

Пријавувањето на Конкурсот за ректор на Универзитетот во Тетово (УТ) за мандатниот период 2023-2026 година заврши. Од Универзитетот во Тетово за Порталб.мк потврдија дека во трката за ректор во моментов учествуваат четворица професори, но без да ги откријат нивните имиња. Иако од Тетовскиот универзитет официјално не ги откриваат имињата на кандидатите, Порталб.мк го обезбеди документот - одлуката за списокот на...

Обвинителството за узурпираниот паркинг зад поликлиниката „Бит Пазар“: Ќе постапиме ако не постапат другите институции

Основното јавно обвинителство нагласува дека ги следи информациите за случајот за кој известуваше Порталб.мк, за узурпираниот паркинг зад Поликлиниката „Бит Пазар“ каде граѓаните незаконски се принудени да им плаќаат пари за паркирање на приватни лица, иако овие локации се наоѓаат на државно земјиште, пишува Порталб.мк. „Јавното обвинителство ги следи сите информации и ќе постапи доколку бидат утврдени елементи на кривично...

По пишувањето на Порталб за поплаките на новинарите, тетовскиот суд го стави во функција озвучувањето

Во Основниот суд во Тетово во функција беа пуштени звучниците и микрофоните, со цел новинарите подобро да ги слушаат говорниците на судските рочишта кои се од јавен интерес. Ова беше направено откако Порталб.мк пишуваше за овој проблем, а и откако тетовските новинари се жалеа поради недостиг на соодветно озвучување во салата и потешкотиите да се разбере тоа што го...

Ганиу за узурпираниот паркинг на Поликлиниката „Бит Пазар“: Адресата за овие девијантни работи е Владата

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, во разговор со новинарот на Порталб.мк ги отфрли тврдењата на Владата, Државниот градежен инспекторат, но и на претседателот на ЗЕЛС според кои надлежна да постапува во врска со узурпираниот простор позади Поликлиниката „Бит Пазар“, кој на илегален начин долги години се употребува како паркинг простор со наплата е Општина Чаир. Според него, надлежни...

АНАЛИЗА: Банките ги заострија кредитните услови, фирмите и граѓаните воздржани за нови задолжувања

Дури 80 отсто од директорите на големите банки оценуваат дека висината на каматата на кредитите е еден од условите што се смениле во поглед на одобрувањето кредити, а 24,6 отсто изјавиле дека во изминатите месеци е намалена побарувачката за кредити од страна на малите и средни фирми, пишува Порталб.мк. Банкарите оценуваат дека во следниот период ќе има олабавување на кредитните...

Струга и Охрид имаат потреба за околу 2.000 работници во угостителството, но младите си заминуваат

Учебната година за матурантите заврши, дел од нив се спремаат за студии, а дел имаат поинакви планови за иднината. Во пресрет на туристичката сезона, градот Струга има недостиг од работници додека голем број матуранти не ја гледаат иднината во својата земја. Заминувањето на младите стана загрижувачко, па институциите ги повикуваат младите да се интересираат и да создаваат можности да...

Узурпиран паркингот на поликлиниката „Бит Пазар“, Општина Чаир дозволува парите на граѓаните нелегално да завршат во приватни џебови

Позади објектот на поликлиниката во Бит Пазар граѓаните се принудени да плаќаат паркинг и покрај тоа што парцелите се во државна сопственост и се узурпирани. Парите на граѓаните наместо во касата на болницата, општината или државата, незаконски завршуваат во џебовите на приватни лица. Со години наназад општина Чаир и општинските инспектори дозволуваат да се одвива една ваква активност и...

Вчера поништен стариот, денеска објавен нов конкурс за ректор на Тетовскиот универзитет

Откако вчера беше поништен првичниот конкурс, денеска е објавен новиот јавен оглас за избор на ректор на Универзитетот во Тетово за периодот 2023-2026 година. Поништувањето на првичниот конкурс се случи поради прекршувањата направени во врска со поставувањето на дополнителни фаворизирачки/дискриминаторски критериуми кои не се предвидени во Законот за високо образование, а ниту пак во Статутот на самиот Универзитет. Прекршувањата...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...