fbpx

Коњи и магариња пасат во тетовскиот скејтпарк, комуналците не ja искосиле тревата [видео]

Веќе неколку дена животните се тука, не си одат. Никој не ја коси тревата. Како да е штала местово, вели еден од сопствениците на фирми во близина на паркот

-

Коњи и магариња неколку дена пасеа во тетовскиот скејтепарк, каде што тревата со недели не е искосена од одговорните во општинското јавно претпријатие (ОЈП), пренесува Порталб.

Сопствениците на фирми што се наоѓаат во близина на паркот, реагираа во Порталб.мк за неодржувањето на паркот. Во меѓувреме, од претпријатието ветија дека во текот на оваа недела ќе интервенираат и ќе го решат проблемот.

Коњи кај Скејтпаркот во Тетово (12.06.2023). Фото: Фисник Џелили/Порталб.мк

„Веќе неколку дена животните се тука, не си одат. Никој не ја коси тревата. Како да е штала местово“, вели еден од сопствениците на фирми во близина на паркот.

„Ова не е во ред, тие го загадуваат паркот и околината. Надлежните не преземаат мерки“, вели граѓанин.

Новинарот на Порталб.мк ја посети оваа локација каде го сретна и сопственикот на коњите, и кога му беше кажано дека таму сме за да пишуваме за овој проблем, тој веднаш ги тргна коњите. Рече дека коњите ги донел таму бидејќи никој не ја коси тревата.

За овој проблем контактиравме и со ОЈП „Тетова“, а оттаму рекоа дека во текот на оваа недела ќе се интервенира на таа локација.

Скејтепаркот беше изграден пред пет години од 45 волонтери од невладината „Тоустенд“ од Белгија, дваесетина од невладината „Термокис“ од Косово, како и волонтери од невладината „Демокраси Лаб“ од Тетово. Овој парк постојано е запоставуван од надлежните, а од општествено-културниот простор Тетова постојано апелираа за негово одржување, па дури и самите помогнаа да се исчисти. Порталб.мк повеќепати известуваше за овој проблем.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...