fbpx

Вчера поништен стариот, денеска објавен нов конкурс за ректор на Тетовскиот универзитет

Рокот за доставување на кандидатурите за ректор на новиот оглас е 7 јуни

-

Откако вчера беше поништен првичниот конкурс, денеска е објавен новиот јавен оглас за избор на ректор на Универзитетот во Тетово за периодот 2023-2026 година. Поништувањето на првичниот конкурс се случи поради прекршувањата направени во врска со поставувањето на дополнителни фаворизирачки/дискриминаторски критериуми кои не се предвидени во Законот за високо образование, а ниту пак во Статутот на самиот Универзитет. Прекршувањата се констатирани и од страна на Државниот просветен инспекторат, за што пишуваше Порталб.мк.

Рокот за доставување на кандидатурите за ректор на новиот оглас е 7 јуни. Според наведените критериуми во повторениот оглас, кандидатот за ректор на Тетовскиот универзитет треба да е македонски државјанин и да е од редот на редовните професори.

Во најновиот конкурс исчезна критериумот од претходниот оглас, каде беше наведен и дополнителен услов според кој кандидатите за ректор мора да имаат најмалку 15 години работно искуство како образовен кадар. Овој дополнителен критериум беше во спротивност со Законот за високо образование, при што во Статутот на Универзитетот во Тетово воопшто и не беше предвиден. Овој критериум за некои кандидати е фаворизирачки, а за други е дискриминаторен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...