среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Државен просветен инспекторат | 22 резултати

[ИНТЕРВЈУ] Јаневска за високото образование: Просветниот инспекторат ќе има многу работа

јули 27, 2024

Македонија има премногу факултети и универзитети кои не придонесуваат кон напредок на образовниот систем. Државата е извозник на млади умови и таленти бесплатно, а нема план што да направи за да ги задржи. Платите на универзитетските професори се покачија и сега тие треба да ѝ возвратат на земјата и да се ангажираат во нивните области […]

Учениците полагаат меѓународни тестови на лаптопи што ги разнесува Државниот испитен центар

октомври 20, 2023

Меѓународните тестови кои се полагаат на светско ниво од страна на нашите ученици, како што се ПИРЛС, ТИМСС и ПИСА, се решаваат на лаптопи кои во училиштата им ги носат вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ), бидејќи мнозинството училишта во државата немаат компјутерска опрема. Сите организации кои ги организираат овие обемни меѓународни тестирања, во кои […]

Истрага за тројца професори од Тетовскиот универзитет, бара Форумот за образовни промени

јуни 26, 2023

Две пријави за тројца професори на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) поднела невладината организација Форум за образовни промени до Државниот просветен инспекторат (ДПИ). Ова на прес-конференција денеска го соопшти Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени. Од организацијата побараа политиката, со посебен акцент на партијата Демократска унија за интеграција (ДУИ), да ги тргнела […]

Вчера поништен стариот, денеска објавен нов конкурс за ректор на Тетовскиот универзитет

мај 31, 2023

Откако вчера беше поништен првичниот конкурс, денеска е објавен новиот јавен оглас за избор на ректор на Универзитетот во Тетово за периодот 2023-2026 година. Поништувањето на првичниот конкурс се случи поради прекршувањата направени во врска со поставувањето на дополнителни фаворизирачки/дискриминаторски критериуми кои не се предвидени во Законот за високо образование, а ниту пак во Статутот […]

Измислен дополнителен критериум – поништен конкурсот за ректор на Тетовскиот универзитет

мај 30, 2023

Десет дена по распишувањето, се поништи јавниот конкурс за избор на ректор на Универзитетот во Тетово (УТ). Ова се случи откако јавноста дозна за прекршувањата направени на овој конкурс во врска со поставувањето на дополнителните фаворизирачки/дискриминаторски критериуми кои не се предвидени во Законот за високо образование, а ниту пак во Статутот на самиот Универзитет. Прекршувањата […]

Денеска стартува новата сезона на емисијата за млади „Шорткат“

мај 4, 2023

По кратка пауза, денеска стартува новата сезона на емисијата за млади „Шорткат“. Времето на емитување останува исто, секој четврток со почеток од 19 часот, а емисијата ќе можете да ја гледате на сите канали на Мета.мк и рубриката Цтрл-З на социјалните мрежи, и тоа на: ТикТок, Инстаграм и Фејсбук. Како и досега, покрај на македонски […]

„Тројка“ за училиштата од просветните инспектори: лоша хигиена и недостиг од компјутери

мај 1, 2023

Лошите хигиенски услови во училиштата и во спортските сали, недостигот на нагледни средства (географски карти, глобуси, хамери, историски карти, смарт табли, геометриски тела, хербариуми и сл.) како и недостигот на компјутери и компјутерска опрема во наставата, се најчестите слаби страни кои ги нотирале просветните инспектори во нивните извештаи, кога ја оценувале работата на училиштата во […]

Сите институции во зградата на поранешна „Нова Македонија“ три дена дена немаат струја

април 12, 2023

Поради посериозен дефект во електричната мрежа, зградата на поранешна „Нова Македонија“ веќе три дена нема струја, потврди ЕВН. Во оваа зграда се сместени повеќе министерства, еден инспекторат, една комисија, една управа, како и неколку државни агенции. Од ЕВН велат дека тие се надлежни за мрежата до броилото, а во зградата имало „внатрешен дефект“ за што […]

ДПИ одлучи дека УКИМ не смее да бара од идните студенти дополнителни изјави

август 23, 2022

На само неколку дена пред рокот за запишување на нови студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заинтересираните лица за студирање се на маки кои документи треба да ги соберат за да се пријават на студиските програми на факултетите. Изминативе денови студенти се жалеа дека факултетите на овој скопски универзитет им барале на […]

Општеството потфрла во човечноста, бојкотот предизвикува болка кај децата со Даунов синдром

февруари 3, 2022

Од денес четвртоодделеката Ембла Адеми од Гостивар е повторно меѓу соучениците во ОУ „Башкими“. Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение поради тоа што директорот Зијадин Нуредини и наставниците попуштиле под притисокот на родителите на учениците од паралелката кои се жалеле на агресивност од ова 11-годишно девојче со Даунов синдром. Ембла вчера, како што […]

Средношколците ги бараат и свидетелствата и парите за свидетелствата што биле наплатени од четири училишта

јуни 21, 2021

Сојузот на средношколците бара да им се издадат свидетелствата на средношколците, додека четирите средни училишта кои им зедоа пари на учениците за свидетелства под итно да им ги вратат назад. Новиот лидер на Сојузот на средношколците, Лука Павиќевиќ денеска одржа прес-конференција пред Министерството за образование и наука во врска со проблемите околу издавањето свидетелства. „Некои […]

Започнува учебната година во време на пандемија: училиштата никогаш не биле почисти (галерија)

септември 22, 2020

Дали се чисти подовите, дали има насоки за движење на подот, дали се чисти тоалетите, дали има доволно средства за дезинфекција… ова се само дел од нештата кои на терен деновиве, пред почетокот на новата учебна година, ги проверуваа државните просветни инспектори. Проверките се прават за да се провери дали училиштата кои бараат настава со […]

Инспектори „ќе влегуваат“ на онлајн часови за да следат како работат наставниците

септември 14, 2020

Со почетокот на новата учебна година, државните просветни инспектори ќе имаат ингеренции без најава да се приклучуваат на онлајн часовите со цел да ја следат работата на наставниците. Како што учениците ќе имаат кориснички имиња и лозинки, така ќе имаат и инспекторите, со што ќе имаат пристап до националната онлајн платформа (која е во фаза […]

ДКСК регира за наодот на ДПИ дека Ректорот на УКИМ може да претседава со Сенатот

јуни 22, 2020

При спроведен вонреден инспекциски надзор Државниот просветен инспекторат констатирал дека претседавањето на ректорот со Сенатот е во согласност со член 221 став 1 од новиот Закон за високото образование (Сл. Весник на РМ бр. 82/2018) каде е предвидено дека избраниот ректор, проректор, декан, продекан, член на сенат, односно директор и заменик директор на висока стручна […]

НАкС бара вонреден инспекциски надзор и прекинување на постапката за избор на ректор на УКИМ

јуни 17, 2020

Прекинување на постапката за избор на Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска побара Независниот академски синдикат (НАкС), кој поднесе нова претставка до Државниот просветен инспекторат (ДПИ). Претставниците на Синдикатот го повикаа ДПИ да постапи и по претходните претставки поднесени од НАкС и од Антикорупциска комисија, кои беа во врска со постапките за избор […]

Околу 3 отсто од првачињата не се вакцинирани или немаат комплетен вакцинален картон (инфографик)

октомври 24, 2019

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), преку вонредна проверка, регистрирал 537 ученици во прво одделение кои ги немаат примено сите вакцини или имаат некомплетен вакцинален картон, што најчесто значи дека имаат примено вакцина, но не и ревакцина. Процентуално земено, тоа се нешто повеќе од три отсто од вкупниот број на првачиња, односно 16.856. Поединечно земено, […]

Немало организирано верско делување во училиштата, утврди Просветниот инспекторат

јануари 11, 2018

Државниот просветен инспекторат утврдил дека немало организирано верско делување во основните училишта за бадникарските поворки во кои учествуваа голем број на деца. Инспекциите ги побара Министерството за образование и наука со цел да се утврди дали се нарушени начелата на секуларизам при организација на децата за учење на бадникарските песнички, изработка на иконографија за празникот […]

Народен правобранител: Да престанат обидите за политичко инволвирање на учениците

март 16, 2017

Народниот правобранител на Република Македонија денеска, преку соопштение, изразува сериозна загриженост за обидите за инвловирање на деца во протестите што се организираат во повеќе градови во земјава. Омбудсманот истовремено ги осудува настапите на раководни лица во училиштата и ги повикува училишните одбори, градоначалниците, Државниот просветен инспекторат и Министерството за образование и наука веднаш, секој во […]

Страна 1 од 1