Работниците од ЈКП Тетово работат во ужасни услови, ветувањето на Касами неисполнето [галерија]

Освен тешките работни услови, работниците на ЈКП се две плати во минус, додека од претпријатието се оправдуваат дека ова е последица на неплаќање на фактурите од страна на граѓаните, пишува Порталб.мк

-

Работниците на „Комунална хигиена“ во ЈКП Тетово продолжуваат да работат во многу лоши услови, во објект во кој малку фали да се сруши таванот. И покрај тоа што градоначалникот на Општина Тетово пред година и половина вети подобри услови за хигиенските работници, дури најави и дислокација, но на терен ситуацијата останува критична. Од Општина Тетово молчат на новинарските прашања, пишува Порталб.мк.

Просториите каде што седат овие работници се надвор од секој животен стандард.
На 21 јануари 2022 година, градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами ги посети овие простории, каде што рече дека ќе се ангажира за да ги подобри нивните услови.

„Нивното распоредување останува наша голема одговорност, со единствена цел, да создадеме што е можно покомотно и адекватно место за работниците од Општинската хигиена“, рече Касами на 21 јануари 2022.

Но денес, година и половина потоа, нема подобрување во просториите каде што работат хигиенските работници, и се уште не се дислоцирани од оваа локација.

Порталб.мк вчера ги посети овие простории, кои изгледаат вознемирувачки и може да се видат во подолните фотографии.

Од страна на „Комуналната Хигиена“ за време на нашата посета кратко нè известија дека се очекува да ги отстранат неисправните камиони и да се урне објектот каде што седат работниците, за потоа истото да се поправи, но без да даваат детали.

За ова ветување на Касами направено пред година и половина, прашавме во Општина Тетово, но од таму не одговорија на новинарските прашања. Ги посетивме и просториите на „Паркови и Зеленило“, и и таму просториите каде што седат работниците се во лоши услови.

Инаку, освен тешките работни услови, работниците на ЈКП се со две плати минус, додека од претпријатието се оправдуваат дека ова доаѓа како последица на неплаќање на фактурите од страна на граѓаните. Блокирањето на сметката на ЈКП доаѓа поради долг на претпријатието кон Управата за јавни приходи.

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи милиони животи...

Студентската правобранителка на УКИМ: Да ја споделиме маката и да бараме систем кој работи за нас

По низата случувања во академската заедница во текот на изминатите две недели кои следуваа по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс,“ попладнево со став се огласи студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил...

Српските студенти организираат изложба на кучиња за собирање средства за фамилиите на жртвите од пожарот во Кочани

Студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во недела организираат изложба на кучиња со цел да соберат средства за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. „Ги покануваме сите љубители на...

Започнаа годишните билатерални разговори со НАТО

Денес и утре тим од НАТО – Алијансата предводен од високиот политички експерт и известител за нашата држава Стјуарт Ендрјус ќе учествува на билатералните одбранбени разговори со Алијансата, соопштија од Министерството...

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи...