fbpx

Обвинителството за узурпираниот паркинг зад поликлиниката „Бит Пазар“: Ќе постапиме ако не постапат другите институции

Редакцијата на Порталб достави и официјален поднесок до обвинителството за случај, кој обвинителството ќе го испита и ќе одлучи дали ќе отвори постапка

-

Основното јавно обвинителство нагласува дека ги следи информациите за случајот за кој известуваше Порталб.мк, за узурпираниот паркинг зад Поликлиниката „Бит Пазар“ каде граѓаните незаконски се принудени да им плаќаат пари за паркирање на приватни лица, иако овие локации се наоѓаат на државно земјиште, пишува Порталб.мк.

„Јавното обвинителство ги следи сите информации и ќе постапи доколку бидат утврдени елементи на кривично дело или доколку не постапуваат други надлежни институции. Во исто време, сите институции, правни или физички лица кои имаат информации или податоци кои упатуваат на кривично дело на наведените локации имаат обврска тоа да го пријават на надлежните органи за натамошно постапување“, велат од Обвинителството за Порталб.мк.

Воедно, редакцијата на Порталб достави и официјален поднесок до Обвинителството за случајот, кој обвинителството ќе го испита и ќе одлучи дали ќе отвори постапка.

Според разговорот со стручни лица кои ја познаваат проблематиката, надлежноста за постапување е на Општина Чаир, поточно на градежниот инспекторат.

„Болницата управува со просторот, поточно со дворот зад болницата поради полесниот пристап и тоа се нарекува јавна употреба. Но, технички, тој имот се управува во име на Република Северна Македонија и со тој имот, на ниво на општина – управува општината и општината има право да влезе. Но, и да се работи за земјиште кое ѝ припаѓа на болницата или пак за приватно земјиште, општината дефинитивно може да влезе со Градежниот инспекторат и да констатира, а потоа да поднесе и пријава за дива градба и покрај тоа што е во приватна сопственост. За тоа служат инспекторатите, а не за да определат дали еден имот е приватен или не – не го проверуваат само имотот околу општината, туку напротив, целиот имот на територијата на општината“, велат експертите кои ги консултираше Порталб.мк.

Меѓутоа, во интервју за Порталб.мк, Висар Ганиу одговорноста ја префла кај менаџментот на Поликлиниката „Бит Пазар“ и кај Владата.

Од друга страна, Владата, Поликлиниката „Бит Пазар“, Државниот градежен инспекторат, но и низа други институции, прстот го вперуваат кон Општина Чаир.

„Сите тие парцели што се во дворот на Поликлиниката се во сопственост на Поликлиниката и се наоѓаат на територијата на Чаир, но нив ги поседува Поликлиниката и со Поликлиниката не управува Општина Чаир, туку централната власт. Ова префлување на вината или топката на друго поле не е коректно“, вели Ганиу.

По неколкунеделно истражување, Порталб.мк објави дека зад објектот на Поликлиниката во Бит Пазар граѓаните се принудени да плаќаат паркинг и покрај тоа што парцелите се во државна сопственост, но се узурпирани. Парите на граѓаните наместо во касата на болницата, општината или државата, незаконски завршуваат во џебовите на приватни лица.

Во меѓувреме пред судот се изведени две лица кои се обидоа да го узурпираат просторот пред Поликлиниката „Бит Пазар“, но додека тече постапката, просторот зад поликлиниката со години е узурпиран и граѓаните се принудени да им плаќаат паркинг на узурпаторите.

Узурпиран паркингот на поликлиниката „Бит Пазар“, Општина Чаир дозволува парите на граѓаните нелегално да завршат во приватни џебови

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...