fbpx
Таг: набавка

таг: набавка

Општините за три години потрошиле два милиони евра за набавка на возила

Во периодот од 2017 до 2019 година, општините потрошиле вкупно околу 2 милиони евра или 140 милиони денари за набавка на моторни возила и камиони, покажува новото истражување на Центарот за економски анализи (ЦЕА). Дури 85 отсто од потрошените средства биле за набавка на моторни возила, а само 15 отсто за набавка на камиони. „За оваа намена пари потрошиле 53 од...

Државните институции набавиле 392 нови автомобили, за што потрошиле 8,1 милиони евра

Државните институции набавиле 392 нови патнички возила, за што потрошиле 8,1 милиони евра во последните две и пол години, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации. „Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра. Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „пасати“ по 39 илјади евра секој. Сепак, најскапото возило...

Општина Тетово ги разгледува понудите на компаниите за набавка на градски автобуси

Извор на фотографија: Општина Прилеп
Се разгледува документацијата на заинтересираните компании за купување на новите автобуси за јавен градски превоз во Тетово, што се ветуваат веќе неколку години од Општина Тетово, велат од локалните власти. Доцнењето на постапката за избор на најповолен понудувач е поради парламентарните избори во земјава, пишува „Порталб.мк“. Општината не дава точен датум кога треба да заврши разгледувањето на понудите. Општина Тетово...

Обвинителството влезе во ДИК, ќе утврдува дали имало криминал при набавката на софтверот

Во просториите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска по допрен глас влезе Основното јавно обвинителство за организиран криминал, за да утврди дали имало кривично дело при спроведувањето на тендерот за набавка на софтверот на оваа институција. При извршениот претрес е одземена тендерската документација, со која треба да се утврди дали се почитувани законските постапки при изборот на фирмата која...

Наплатата на приходите во април била за 1,4 милијарди денари повеќе од очекуваното

Наплатата на приходите во април е подобра за 1,4 милијарди денари од најоптимистичкото сценарио за реализација на приходите во услови на корона кризата, изјави министерката за финанасии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција. „Наплатата на приходите од почетокот на годината е за 4,9 проценти пониска во однос на минатата година. Согласно основното сценарио на Министерството за финансии за економскиот резултат во...

ЦГК: Склучени 71 договор во вредност од 1,5 милиони евра, за итни јавни набавки за заштита од корона вирусот

За итни јавни набавки поврзани со заштита и превенција од ширењето на заразата од коронавирусот, од почетокот на март до 20 април склучени се 71 договор во вкупна вредност од 1,5 милион евра, информираат од Центарот за граѓански комуникации, . Од таму велат дека, иако во мониторираниот период е зголемен бројот на објавени договори за итните набавки, сепак дел од...

Штипската болница на свој трошок набави скафандери за заштита на лекарите на инфективно

Откако Инфективното одделение во Штип беше одредено за изолациски центар за источниот дел на земјата, Клиничката болница побара набавка на маски, скафандери, дефинзфекциски средства и друг неопходен материјал, како заштита при работа на лекарите и персоналот од корона вирусот. Во меѓувреме, додека се чекаа материјалите, Клиничката болница одлучила на свој трошок да набави педесет скафандери. - Се работи за заштита...

Проектната документација за набавка на градски автобуси за Тетово е во завршна фаза

Постапката за набавка на автобуси за јавен превоз во Тетово е во завршна фаза во делот на подготовка на проектната документација, што значи дека општината сè уште нема поднесено барање за кредит во Светска банка, пишува „Порталб.мк“. Подготовката на проектната документација доаѓа откако претходно беше одобрена техничката документација, која вчера беше објавена на владината седница што се одржа во Тетово. „Преку...

МЗ: Над 30 молекули биолошка терапија за жените со рак на дојка

Министерството за здравство со централизирана набавка обезбеди над 30 молекули скапа биолошка терапија што не е на позитивната листа на лекови, а им е достапна на пациентите со рак на дојка. Со ваквата набавка, сите жени со рак на дојка имаат терапија, информираат од Министерството за здравство. „Воведена е новина за двојно читање на мамографските слики. Отсега, мамографските снимки за...

Министерството за здравство ќе купува уште седум возила за Итна помош

Министерството за здравство распиша тендер за седум нови возила за Итна медицинска помош, јави Порталб.мк. Бидејќи, како што објасни министерот за здравство Венко Филипче, со претходната набавка се задоволени потребите на Здравствен дом Скопје, возилата што ќе бидат купени со новиот тендер ќе се наменат за Здраствени домови во други градови. -Министерството за здравство објави оглас за јавна набавка за возила,...

Со 4 нови автобуси „Исузу“ ќе се поднови прилепскиот јавен превоз

Јавниот превоз во Прилеп наесен ќе добие 4 нови нископодни автобуси од марката „Исузу“. Јавното претпријатие за ПУП - Прилеп го потпиша договорот со фирмата „Аутомакедонија“ од Скопје за обнова на возниот парк, инвестиција вредна 60 милиони денари. Идните автобуси ќе сообраќаат на постојните градски линии и ќе заменат дел од амортизираниот возен парк, со просечна старост од над...

Општина Тетово вели дека искористила 122.000 евра од ИПА-фондовите за почист град

Во октомври минатата година, општинските власти во Тетово ветија дека во 2019 година ќе набават 200 нови контејнери за отпадоци кои ќе бидат поставени низ целиот град. Од Општината за „Порталб.мк“, велат дека купиле 150 контејнери за отпадок,  финансирани со европски пари. Од Општина Тетово информираа дека искористиле 7.320.000 денари (122 илјади евра) од ИПА-фондовите од кои 6.100.000 денари се...

И приватниците сакаат субвенции за нови автобуси во јавниот превоз

Две недели по распишувањето на огласот за набавка на нови автобуси за ЈСП - Скопје, приватните превозници што вршат јавен превоз во главниот град посочуваат дека би сакале да добијат еднаков третман како и ЈСП - Скопје при обновата на возниот парк. Од „Макекспрес“ информираат дека во два наврати поднеле барања за одредување критериуми и технички карактеристики на возилата,...

Наместо наеднаш, ЈСП постепено ќе купува нови единечни и зглобни автобуси

Скопското јавно сообраќајно претпријатие во иднина нема да ја повтори грешката со набавката на кинеските и на украинските автобуси, кога наеднаш се купија 80 единечни и  217 двокатни возила. Со најновиот тендер за обнова на возниот парк, тие се одлучиле да се вратат на стариот модел за постепена обнова на автобусите. Од ЈСП - Скопје за „Мета“ велат дека негативното...

Oсум комбија ќе се пренаменуваат во возила за Итна помош, 12 нови возила ќе стасаат во април

Службите за итна медицинска помош до крајот на месецот ќе ги добијат новите 12 амбулантни возила, кои Министерството за здравство ги набави лани, а дополнително ќе бидат пренаменети уште осум комбија во возила за Итна помош, рече министерот за здравство Венко Филипче, на почетокот на дводневната едукативна обука за Итна медицинска помош и менаџирање на ресурси, пренесува „Порталб“. Комбијата ќе...

АРМ си набави вакцини, дијазепами и антибиотици

Министерството за одбрана од трет пат успеало да најде фармацевтски фирми кои на војската ќе и обезбедат вакцини и лекови, откако на претходните два огласи не била поднесена ни една понуда или ниту една прифатлива понуда. Првиот оглас бил поништен на 17 декември, а вториот на 4 јануари. Набавката сега е поделена во два дела, а лекови и вакцини на АРМ...

Новиот „компјутер за секое дете“ да оди во фази и со добра инфраструктура, велат експертите

Проектот за набавка на нови компјутери во училиштата и дигитализацијата на наставата, мора убаво да се осмисли пред да се изведе, советува проф. д-р Миле Јованов, претседател на Здружението на информатичари и Раководител на Институтот за интелигентни системи при Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ). Ова следи по објавата на „Мета“ за најавата на заменик-министерот за образование...

Одбиено барањето за изземање на Јанева, седницата во Апелација продолжи

Барањето на адвокатите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е одбиено како недозволено, по што не постојат пречки за продолжување на седницата за жалбата на првостепената пресуда за Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“. На седницата не присуствуваат Груевски, како и неговите бранители Димитар Дангов, Сања Алексиќ, Данчо Анаков...

Ѓоко Поповски осуден на 9 години затвор во случајот „Триста“ за набавка на возила во МВР

Кривичниот суд денеска го осуди поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски на 9 години затворска казна за случајот на СЈО „Триста“ за незаконска набавка на 300 полициски возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година. Според пресудата, Поповски треба и да ја надомести штетата од приближно половина милион евра и судските трошоци. Судијката Добрила Кацарска рече дека Поповски...

Урко се појави во судот да сведочи во случајот „Тенк“

Поранешниот шеф на обезбедувањето на Никола Груевски, Дејан Митровски Урко, утрово пристигна во новиот Кривичен суд во Скопје каде треба да сведочи за набавката на „мерцедесот“. Тој требаше да се појави и на претходното рочиште. Тогаш судијката им посочи на адвокатите на Груевски да го побараат телефонски да дојде, но тие не успеаа да стапат во контакт со него. Судијката...

Носталгија по диктатори: Хусеин, Гадафи и Асад

Чест наратив на Кремљ е дека ирачкиот лидер Хусеин, либискиот Гадафи и сирискиот Асад биле големи патриоти и имале добри социјални политики, но дека биле жртви на американскиот империјализам,...