fbpx

Општина Тетово вели дека искористила 122.000 евра од ИПА-фондовите за почист град

-

Во октомври минатата година, општинските власти во Тетово ветија дека во 2019 година ќе набават 200 нови контејнери за отпадоци кои ќе бидат поставени низ целиот град. Од Општината за „Порталб.мк“, велат дека купиле 150 контејнери за отпадок,  финансирани со европски пари.

Од Општина Тетово информираа дека искористиле 7.320.000 денари (122 илјади евра) од ИПА-фондовите од кои 6.100.000 денари се за возилото за собирање отпад и 1.220.000 денари за контејнерите.

Сепак, од Општината не покажаа никаков документ за прием на контејнерите и камионот за отпадоци.

„Општина Тетово беше еден од добитниците на ИПА-грантот на ЕУ со проектот „Набавка на специјално возило за собирање отпад и контејнери за собирање отпад”, потпишан на 03.10.2018 година со ИПА Договор за грант бр. МСИП / ИПА / 65 помеѓу Република Северна Македонија, претставена од Министерството за финансии и Општина Тетово како корисник на грантот”, велат од таму.

Најголем дел од контејнерите за отпад во Тетово немаат капаци, па од нив се шири лоша миризба. Бидејќи контејнерите не се чистат и не се одржуваат навремено доаѓа до нивно преполнување. А состојбата се влошува и поради фактот што отпадот што се фрла во контејнерите не се селектира, така што тие се преполнети со разновидни материјали.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...