fbpx

Штипската болница на свој трошок набави скафандери за заштита на лекарите на инфективно

-

Откако Инфективното одделение во Штип беше одредено за изолациски центар за источниот дел на земјата, Клиничката болница побара набавка на маски, скафандери, дефинзфекциски средства и друг неопходен материјал, како заштита при работа на лекарите и персоналот од корона вирусот. Во меѓувреме, додека се чекаа материјалите, Клиничката болница одлучила на свој трошок да набави педесет скафандери.

– Се работи за заштита на лекарите и медицинските лица, кои директно работат со пациентите. Сметавме дека скафандерите треба да ги имаме, особено што не се знае кога може да дојде инфициран пациент и затоа ги набавивме комерцијално – изјави директорот Ален Ѓеоргијев.

На Инфективното одделение во моментов нема сомнителни пацинети со корона вирусот, меѓутоа, има во самоизолација, по домовите. Како што потврдија од Центарот за јавно здравје, речиси секојдневно се испраќаат тестови со сомнителни случаи во Скопје.  

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.