fbpx

МЗ: Над 30 молекули биолошка терапија за жените со рак на дојка

-

Министерството за здравство со централизирана набавка обезбеди над 30 молекули скапа биолошка терапија што не е на позитивната листа на лекови, а им е достапна на пациентите со рак на дојка. Со ваквата набавка, сите жени со рак на дојка имаат терапија, информираат од Министерството за здравство.

„Воведена е новина за двојно читање на мамографските слики. Отсега, мамографските снимки за рано откривање рак на дојка ќе бидат независно анализирани од двајца радиолози, кои треба да имаат искуство на читање мамографски слики од минимум 800 пациентки“, се наведува во соопштението.

Од Министерството за здравство потенцираат дека за првпат се обезбедени ортопедски градници за жените што се оперирани од рак на дојка, како и психолошка поддршка на онколошките пациенти.

Вчера, во Клиничката болница во Битола се пушти во употреба новиот дигитален мамограф, достапен за бесплатни мамографски прегледи за сите жени во битолскиот регион. Во фаза на реализација е централизацијата на сите онколошки оддели под Клиниката за онкологија во Скопје, со цел да се обезбеди максимална поддршка на пациентите и во другите градови.

Од Министерството за здравство ги повикуваат сите жени да прават редовни лекарски контроли за рано откривање и дијагностицирање на болеста. Покрај редовните контроли, секоја жена треба да прави и месечен самопреглед на дојка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...