Барањето на адвокатите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е одбиено како недозволено, по што не постојат пречки за продолжување на седницата за жалбата на првостепената пресуда за Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“.
На седницата не присуствуваат Груевски, како и неговите бранители Димитар Дангов, Сања Алексиќ, Данчо Анаков и Боро Тасевски, кои го известиле Судот дека се спречени да дојдат бидејќи се ангажирани на други предмети во Кривичниот суд. Ѓоко Поповски и неговиот адвокат Стерјо Зиков дојдоа во Алецискиот суд.
Пред судот има полициско обезбедување, а има и граѓани кои протестираат.
За случајот „Тенк“, односно за набавката на лускузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор.