fbpx
Таг: Македонија

таг: Македонија

Хојт Ји денеска ќе се сретне со техничкиот премиер, Емил Димитриев

Заменикот помошник на државниот секретар за европски и за евроазиски прашања на САД, Брајан Хојт Ји, кој е во посета на земјава, денеска ќе се сретне со техничкиот премиер, Емил Димитриев, и со дел од политичките лидери. Вчера, Хојт Ји оствари средби со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ и на ДПА, Никола Груевски, Али...

МВР за инцидентот: Повредени двајца полицајци, употребен солзавeц и шок-бомби

Двајца полицајци биле повредени во вчерашните инциденти кај граничната кота 59 на македонско-грчката граница, кога неколку стотици мигранти се обидоа да ја пробијат жичената ограда и да влезат во земјава, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според официјалната информација од МВР за настанот, при интервенцијата не била употребена физичка сила и биле користени шок-бомби и солзавец. Оттаму велат дека нема повредени мигранти...

Инцидентот на границата ја врати Македонија во светските медиуми

Вчерашниот инцидент на македонско-грчката граница, кога илјадници мигранти се обидоа да ја урнат жичената ограда и да влезат во земјава, на што полицијата реагираше со солзавец за да ги одврати од намерата, повторно ја врати Македонија во фокусот на светските медиуми и новински агенции. Поголемиот дел од нив известуваат прилично објективно, но имаше и такви кои сакаа да му дадат поголема доза...

Македонските градежни компании ќе имаат можност да соработуваат со австриски фирми

Австриската стопанска комора и оваа година организира директни бизнис-средби помеѓу австриски градежни фирми, архитекти, градежни консултанти, производители и трговци на градежни материјали и на обновливи извори на енергија, како и голем број други дејности поврзани со градежништвото со заинтересирани фирми за соработка од Македонија. Конференцијата „Иднина на градежништвото“ (Future of Building) ќе се одржи на 18 април во Австриската стопанска комора во...

Еден полицаец и девет мигранти повредени во инцидентите на границата – ситуацијата под контрола

По инцидентот во кој бегалците во знак на револт почнаа да фрлаат со камења и урнаа дел од жичената ограда на грчко-македонската граница, илјадници мажи, жени и деца седнати на железничката линија попладнево продолжија со протестот и со барањата македонската полиција да ги пропушти за да го продолжат патот кон Западна Европа. Во инцидентите, за чие смирување полицијата употреби и солзавец,...

Во Солун за мигрантите разговараат директорите на македонската и на грчката полиција

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, Горанче Савовски, денеска е на билатерален состанок во Солун со својот колега, директорот на грчката полиција, Константинос Сувалас, соопшти МВР. На средбата, која е на покана на шефот на грчката полиција, ќе се разговара за мигрантската криза и за подобрување на соработката меѓу двете полиции. Според МВР, состанокот е...

АИ за Македонија: Докази за корупција во власта, таен надзор и напади врз новинари

Објавувањето на аудиоснимките не само што откри докази за корупција на владата, туку покажа дека постои широко распространет таен надзор, стои во годишниот извештај 2015/2016 на „Амнести интернешенал“ (АИ) за Македонија. Според извештајот, аудиоснимките објавени од опозицијата откриваат владина корупција, злоупотреба на службената положба, изборна измама и недостиг од почитување на човековите права и на владеењето на правото, како и мешање...

Управувачкиот комитет ќе одлучува за бегалците заглавени на Табановце

Управувачкиот комитет за справување со мигрантската криза денеска попладне по 18 часот треба да одржи состанок, на кој ќе се расправа за ситуацијата со бегалците што се заглавени на Табановце, потврди за „Мета“ портпаролката на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Надица Вчкова. - Средбата треба да биде некаде по 18 часот, но терминот кога ќе почне, сè уште не е прецизиран....

Партиите постигнале договор за избори на 5 јуни – Собранието се распушта на 7 април

Собранието на Република Македонија вечерва на вонредна пленарна седница ќе расправа за повлекување на одлуката за самораспуштање. Во предлог-одлуката за измена на одлуката за распуштање на собранието, потпишана и предложена од 27 пратеници се наведува: „Со оглед на тоа што не е постигнат договор за одржување на предвремените парламентарни избори за пратеници на 24 април 2016 година, се предлага пролонгирање на...

Вулин: Единствената легална рута за мигрантите е преку Македонија

Македонија е единствената легална рута за мигрантите, а секој што ќе се обиде да влезе преку Бугарија, ќе се смета за илегален мигрант, изјави вечерва во Суботица српскиот министер за труд, вработување, боречки и социјални прашања, Александар Вулин. - Единствена легална рута е преку Македонија, не постои ниту една друга рута. Секако, постои можност луѓето да ја искористат шансата да ги...

Николовски: СДСМ нема да учествува и нема да дозволи уште едни криминални избори

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, со жителите на Студеничани, Батинци и на Долно Количани разговараше за невработеноста и за тешкиот секојдневен живот, проблемот со иселувањето на младите кои бараат подобро утре надвор од земјава, соопштуваат од СДСМ. Како што се наведува во партиското соопштение, жителите се пожалиле на лошата патна инфраструктура, како и на немање основни...

Заев по средбата со Ховит, Вајгел и со Кукан: Избори на 24 април не може да има

Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски денеска се сретнаа со европратениците Иво Вајгел, Ричард Ховит и Едвард Кукан. Како што соопштија од СДСМ, Заев рекол дека оцената на меѓународната заедница, на ЕУ и на САД, дека нема услови за регуларни, веродостојни избори на 24 април е потврда на фактичката состојба, на вистината. „Јасно е дека фер избори на 24 април не...

УНХЦР: Затворањето на границите во Европа ќе предизвика хаос

Затворањето на границите внатре во Европа, кое го презедоа европските држави поради загриженоста предизвикана од бегалската криза, ќе предизвика „дополнителен хаос и конфузија“, предупреди денеска новиот шеф на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Филипо Гранди. - Особено сум загрижен поради вестите што ги добиваме за затворање на сè поголем број европски граници долж балканската рута, затоа што тоа ќе...

Европскиот парламент го одложи гласањето за резолуцијата за Македонија

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент во Брисел, го одложи гласањето за резолуцијата за Република Македонија, која, според предлогот на известувачот Иво Вајгл, треба да содржи седма последователна препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите на македонската држава со Европската унија. Според информациите од ЕП, европратениците чекаат да видат како ќе се развијат настаните во однос на очекуваните предвремени парламентарни...

Грчките специјалци ги отстранија мигрантите од Идомени

Грчката полиција утрово, околу 6 часот, почнала да ги отстранува мигрантите што останаа заглавени кај Идомени откако вчера македонските власти го затворија преминот за авганистански државјани и дозволуваат само влез на лица од Сирија и од Ирак. Како што пренесуваат грчките медиуми, припадници на полициската единица за справување со нереди ја расчистиле железничката пруга, која беше бликирана, и ги отстраниле неколкуте...

Тензично кај граничната кота 59, МВР молчи за непропуштањето на мигранти од Авганистан

Илјадници мигранти се заглавени во меѓуграничната зона на грчко-македонската граница откако македонските власти престанаа да ги пропуштаат авганистанските државјани и дозволуваат само влез на лица од Сирија и од Ирак. „Би-Би-Си“ пренесува дека во моментов на границата се заглавени околу 5.000 мигранти, а во меѓувреме во грчкото пристаништето во Пиреја пристигнале нови 4.000 мигранти. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска,...

Хан порача: Важен е квалитетот на изборите, а не нивниот датум

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, вечерва преку својот твитер-профил порача дека поважна е суштината и квалитетот на изборите, отколку датумот на кој тие ќе се одржат. „#Скопје, #Пржино договор: Суштината и квалитетот на изборите се поважни од датумот. Прочитајте го писмото што вечерва #ЕУ-#САД го доставија до премиерот #Димитриев +политичките лидери“, напиша Хан на „Твитер“. #Skopje, #Pržino agreement:...

МВР: На Табановце заглавени 617 мигранти од Авганистан оти Србија одбива да ги пропушти

Повеќе од 600 мигранти од Авганистан во моментов се заглавени во прифатниот камп кај Табановце на македонско-српската граница, откако Србија ја затворила границата и не ги пропушта бегалците со авганстинаско државјанство, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР за „Мета“, исто така, ги демантираат информациите на агенциите и на дел од грчките медиуми дека по Србија и...

Србија не ја затворила границата за мигрантите, застојот бил поради „профилирањето“

По информацијата објавена во дел од медиумите дека Србија ја затворила границата со Македонија за мигранти, од бирото за соработка со медиумите на српското МВР ги демантираат овие наводи. Од бирото за РТС  соопштиле дека не станува збор за затворање на границата, туку дека почнало да се спроведува профилирањето на мигрантите, мерка што вчера во Загреб ја договорија шефовите на полициите на...

ПССЕ повика целосно да се спроведе Договорот од Пржино

Лиса Кристоферсон и Вакери Гилетчи, коизвестувачи на Парламентарното собрание на Советот на Европа за постнадзорен дијалогот со Македонија, на крајот на својата посета на Скопје ги повикаa политичките лидери да постигнат договор пред предвремените парламентарни избори. Коизвестувачите велат дека земјата минува низ една од најсериозните политички кризи по 2001 година и оти Договорот од Пржино, кој го постигнаа главните политички...