fbpx

Николовски: СДСМ нема да учествува и нема да дозволи уште едни криминални избори

-

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, со жителите на Студеничани, Батинци и на Долно Количани разговараше за невработеноста и за тешкиот секојдневен живот, проблемот со иселувањето на младите кои бараат подобро утре надвор од земјава, соопштуваат од СДСМ.

Како што се наведува во партиското соопштение, жителите се пожалиле на лошата патна инфраструктура, како и на немање основни услови за нормален живот.

– Оваа расипничка власт во заминување на криминален начин потроши 630 милиони евра за споменици. Со само 2,5 милиони евра можеа да се решат сите проблеми во вашето населено место, пат, водовод, канализација, сè, да се создадат нормални услови за живот. Ние имаме решенија, имаме мерки во програмата, знаеме како да ги вратиме младите дома. За секој млад човек ќе обезбедиме иднина во својата земја – рече Николовски.

На средбите со граѓаните се разговарало и за актуелната политичка ситуација во Македонија. Николовски го повторил ставот дека СДСМ нема да учествува и нема да дозволи уште едни криминални избори.

– Меѓународната заедница, САД и ЕУ, потврдија дека на 24 април не може да има фер и веродостојни избори. Без да се исполнат неопходните услови, без прочистување на избирачкиот список и без реформи за слободни медиуми, нема фер избори. Демократските промени во земјава ќе се случат на фер, демократски и слободни избори, ниедно сценарио не може да го спречи тоа – рече Николовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...