fbpx

Вулин: Единствената легална рута за мигрантите е преку Македонија

-

Македонија е единствената легална рута за мигрантите, а секој што ќе се обиде да влезе преку Бугарија, ќе се смета за илегален мигрант, изјави вечерва во Суботица српскиот министер за труд, вработување, боречки и социјални прашања, Александар Вулин.

– Единствена легална рута е преку Македонија, не постои ниту една друга рута. Секако, постои можност луѓето да ја искористат шансата да ги заобиколат правилата, особено тие што немаат право го продолжат своето движење, мислам на економските мигранти – рече Вулин.

Тој додаде дека може да се претпостави оти ќе се појават шверцерски банди кои ќе ги злоупотребуваат таквите луѓе, против што Србија ќе се бори.

Министерот додаде дека засилените контроли на грчко-македонската граница ги вршат претставници на сите пет земји од рутата и особено нагласи дека Србија уште пред една година прва предлагала издавање на единствени регистрациски исправи.

Бројот на мигрантите, според Вулин, не зависи од заострените контроли, туку, пред сè, од војната во Сирија, односот на ЕУ и на Турција, како и од временските услови на Медитеранот.

– Што се однесува до нас, ние сме спремни за секој број што може да мине во согласност со одлуките што ги носат земјите што се наоѓаат на рутата. Доколку Австрија или која било друга земја одреди број на луѓе кои можат да минат или да останат, ние ќе се придржуваме до бројката – рече Вулин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...