fbpx

АИ за Македонија: Докази за корупција во власта, таен надзор и напади врз новинари

-

Објавувањето на аудиоснимките не само што откри докази за корупција на владата, туку покажа дека постои широко распространет таен надзор, стои во годишниот извештај 2015/2016 на „Амнести интернешенал“ (АИ) за Македонија.

Според извештајот, аудиоснимките објавени од опозицијата откриваат владина корупција, злоупотреба на службената положба, изборна измама и недостиг од почитување на човековите права и на владеењето на правото, како и мешање во независноста на судството.

„Политичка криза следуваше по објавувањето на аудиоснимки од разговорите меѓу министрите, членовите на владејачката партија и јавните службеници. Во мај, со масовни демонстрации, премиерот беше повикан да поднесе оставка по наводното соучество во прикривање одговорност за убиството на еден млад човек (Мартин Нешковски н.з.) во 2011 година. Министрите за внатрешни работи и директорот за безбедност и контраразузнавање, поднесоа оставки во мај“, се вели во извештајот.

Во него се потсетува дека меѓу прислушуваните лица од власта имало и голем број новинари и дека во изминатата година продолжиле нападите кон критичките новинари.

„Се проценува дека повеќе од 2.000 новинари биле следени од владата. Објавените разговори укажуваат на индиректно финансирање на провладини медиуми и на политичко влијание преку назначување новинари и преку новинарската содржина“, стои во извештајот на АИ.

Во него се нотирани и настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година.

„На 9 мај, специјалните полициски единици спроведоа вооружена операција во Куманово, со, како што се наведува, наводна цел да се спречат напади врз државни и цивилни цели. Во жестоките престрелки, 14 етнички Албанци и осум припадници на полицијата беа убиени. Триесет Албанци, вклучувајќи и поранешни членови на Ослободителата војска на Косово (ОВК) беа уапсени, кои според одредени наводи, биле тепани при притворот. Министерството за внатрешни работи ги игнорираше повиците за независна истрага за операцијата“, стои во извештајот.

Според наводите во него, а кои се однесуваат на Македонија, властите во земјата не успеале да ги почитуваат правата на бегалците и на мигрантите, вклучувајќи ја и употребата на незаконско приведување и на прекумерна употреба на сила.

Од „Амнести интеренешенал“ наведуваат дека низ Македонија лани поминале најмалку 600.000 мигранти и бегалци и дека имало случаи на нивно малтретирање, како и изложеност на експлоатација и напади од шверцерски, односно вооружени банди.

Во извештајот се забележани и нападите врз ЛГБТИ-заедницата, како и тоа дека повеќе од 10.000 лица, претежно Роми, побарале азил во земјите од Европската Унија, а малкумина во тоа и успеале.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...