fbpx
Таг: Македонија

таг: Македонија

Иванов: Сакам Бугарија да ја прегрне Македонија и да ја поддржува

Претседателот Ѓорге Иванов во интервју за бугарската новинска агенција „БГНес“ изјави дека не постојат јазични бариери со Бугарија и оти таа треба најмногу да ја поддржува Македонија и да ја прегрне. - Сакам Бугарија да биде државата што најмногу ќе ја поддржува Македонија, Како што се вели, да ја прегрне Македонија. Ние немаме јазична бариера. Имаме отворени прашања од минатото. Не можеме да...

Гарет: Сè уште се можни избори на 5 јуни

Од прочистувањето на избирачкиот список зависи успешноста на спроведувањето на изборите, порача од Штип британскиот амбасадор, Чарлс Гарет. Амбасадорот очекува партиите заедно да работат и да го осигураат спроведувањето на фер и регуларни избори. - Верувам дека изборите сè уште се можни на 5 јуни, но за да се завршат сите обврски, потребно е државата и изборната комисија, политичките лидери и...

Нема информации за повредени македонски државјани во експлозиите во Брисел

Серија експлозии од утринава се случија во Брисел, Белгија, во кои, според последните информации, најмалку 17 лица загинаа, а десетици се повредени. Две експлозии рано утрово имаше на бриселскиот аеродром „Завентем“, а некои медиуми пишуваат за експлозии што се случиле и во неколку метро-станици во Брисел. Белгиските власти потврдија дека сите метро-станици, целиот јавен транспорт, музеите и зградите на Европската Унија се...

Плаќање со поезија по повод Светскиот ден на поезијата

Македонија, по повод Светскиот ден на поезијата, в понеделник вторпат ќе приклучи на глобалната кампања на Јулиус Мајнл, „Плати со поезија“. „Нурнете длабоко во себеси и споделете ги вашите чувства. Испијте го вашето кафе на Денот на поезијата и учествувајте во големата глобална кампања што се одржува насекаде низ светот, а платете со валута која е многу повредна и подобра од...

Софија: Борисов и Иванов договорија заеднички безбедносни операции на границата

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, и македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, во телефонски разговор договориле во наредните денови да бидат спроведени заеднички македонско-бугарски копнени и воздушни операции за заштита и за контрола на заедничката граница од илегални премини на мигрантите, стои во соопштение објавено на интернет-страницата на бугарската влада. Како што се појаснува во соопштението, Иванов и Борисов разговарале за проблемот со бегалците...

Иванов побарал од своите колеги да ѝ кажат на Грција да не ни носи мигранти

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, вчера и денеска телефонски разговарал со повеќе претседатели и со премиери од земјите членки на Европската Унија и од земјите од балканскиот коридор за мигрантската криза и за инцидентот што се случи на 14 март, кога околу 1.500 мигранти од Грција илегално влегоа на македонската територија, кај гевгелиското село Моин. Како што соопштуваат од...

Деловни средби помеѓу македонски и шпански компании во Стопанската комора на Македонија

Билатерални средби помеѓу македонски и шпански компании се одржаа денеска во Стопанска комора на Македонија, информираат оттаму. На средбите биле присутни шпански компaнии од областа на фармацевтскатa, електрометалната и од агроиндустријата, градежништвото, како и 16 македонски компании од овие сектори. Директорката на дирекцијата на регионални комори и за меѓународна соработка, Снежана Камиловска-Трповска, истакна дека средбите во Стопанската комора се исклучително значајни...

Ангелов: Не Македонија, туку Европа ја затвори границата

Сè додека постои бегалскиот камп на Идомени, не се исклучува можноста за нов обид за масовно илегално преминување во Македонија, вели македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов, во интервју за грчкиот веб-портал „Њузбист“, говорејќи за бегалската криза и за позицијата на Македонија во целата ситуација. Ангелов демантира дека Македонија одлучила да ја затвори границата и објаснува дека државите од Северна...

Апели до Ципрас да го задржи „Македонецот“ Музалас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е растргнат меѓу барањето на неговиот коалициски партнер и министер за одбрана, Панос Каменос, да го смени министерот за миграција, Јанис Музалас, поради тоа што во ТВ-интервју нашата држава ја нарече Македонија, наместо Скопје. Неизвесноста за тоа што ќе се случува во владата се очекува да се реши дури идната недела, односно по враќањето на Ципрас...

Ципрас ќе одлучува за Музалас по Самитот на ЕУ за бегалската криза

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе одлучи дали министерот за миграција, Јанис Музалас, ќе остане во владата по завршување на Самитот на Европската Унија за бегалската криза. Самитот е закажан за утре и, како што истакна портпаролот на грчката влада, Олга Геровасили, приоритет за грчката влада во моментов е успешно справување со бегалската криза и наоѓање решение на европско ниво. Поради...

Ципрас и Каменос на тет-а-тет средба: Независни Грци инсистираат на оставка од Музалас

Продолжува тензијата во грчката влада и неизвесноста што ќе се случува со министерот за миграција, Јанис Музалас, кој синоќа во интервју ја нарече нашата држава со името Македонија. Министерот за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, во врска со ова прашање имаше едночасовна средба со својот коалициски партнер, премиерот Алексис Ципрас. Засега нема официјална потврда дали Музалас останува или...

За гафот со „Македонија“, се бара линч на министерот Музалас и виси целата грчка влада

Грчката влада ненадејно се најде пред нова внатрешна криза поради  именувањето на нашата држава како Македонија. Грчкиот министер за миграција Јанис Музалас доцна ноќеска во телевизиско интервју, говорејќи за бегалската криза, наместо Скопје или БЈРМ, ја именуваше нашата држава како Македонија, гест што предизвика итно барање за негова оставка од коалицискиот партнер на СИРИЗА, Независни Грци и од опозициската Нова...

Иванов: Македонија ќе ги преземе сите мерки за заштита на државните граници и на националната безбедност

Македонија ниту е членка на Европската Унија, ниту на НАТО, ниту е дел од шенген-зоната и не може да ги трпи последиците на неединствената политика на Унијата, порача претседателот Ѓорге Иванов по седницата на Националниот совет за безбедност во поширок состав, свикана откако околу 1.500 бегалци илегално влегле во Македонија од Грција. - Синоќа се случи инцидент на нашата јужна граница....

Почна седницата на Советот за безбедност во проширен состав

Седницата на Националниот совет за безбедност во проширен состав почна во претседателската резиденција на Водно. Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ја свика седницата откако вчера на македонска територија нелегално влегоа 1.500 мигранти преку јужната граница со Грција. На седницата на Советот за безбедност, субјектите на системот за управување со кризи задолжени за превенција и за справување со кризната...

Оставки од судиите кои го узурпираат Уставниот суд, побараа граѓаните на протестот

Неколку илјади граѓани кои протестираат под мотото „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд“ и кои тргнаа од Владата, се собраа пред објектот на новиот Македонски народен театар. Таму е поставена ограда која ја чуваат неколку десетици полицајци, а зад нив има оклопни возила и припадници на специјалните полициски сили. Тие не им дозволуваат да дојдат до платото пред...

Европскиот парламент даде условена препорака за Македонија

Со 404 гласа „за“, 74 против и со 29 отсутни, Европскиот парламент денеска ја усвои резолуцијата за Македонија, што ја поднесе европратеникот и известувач за Македонија, Иво Вајгл. Документот што беше усвоен денеска во Стразбур содржи уште една, седма по ред препорака до Советот на Европа за почеток на преговори со Македонија за членство во Европската Унија. Сепак, препораката е условена. Во...

Лоренс Оер: Специјалното обвинителство треба да работи ослободено од притисоци

Специјалното јавно обвинителство е институција основана со закон и треба да може да работи ослободена од притисоци во рамките на судскиот систем, вели француската амбасадорка во земјава, Лоренс Оер, во интервју за „Гласот на Америка на македонски јазик“. - Граѓаните треба да имаат доверба во правдата, што претставува основен столб на демократијата. Ниту еден демократски систем не е совршен, ниту...

Академските средби, нов импулс за соработка меѓу младите од Македонија и од Грција

Почестите академски и културни посети, дијалогот меѓу академици, студенти, музичари и уметници се еден од ефективните начини да се стопи „мразот“ меѓу македонската и грчката страна поради политичкиот спор. Ваков е впечатокот што се добива по посетата на македонски студенти и професори на Солун, на Универзитетот „Аристотел“ и по прошетката низ поголемите музеи. Посетата им овозможи на младите од Македонија да...

За бегалците во Идомени одлуката на ЕУ е глупост

„Не сакаме да се вратиме во Турција, одлуката на Европската Унија е глупост“, коментираат мигрантите во кампот Идомени во Грција, за балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Реакциите следуваат по начелниот договор меѓу ЕУ и Турција. Во кампот Идомени на македонско-грчката граница во моментов се наоѓаат повеќе од 13.000 бегалци, од кои голем дел се жени и деца. Кампот „Винојуг“ кај...

Кај Турција се удавија 25 бегалци

Најмалку 25 бегалци се удавија кај брегот на Турција, обидувајќи се да стигнат до Грција, со што се зголеми бројот на настраданите по вчерашниот бродолом. Турската крајбрежна стража успеала да спаси 15 мигранти кај крајбрежниот град Дидим, во Југозападна Турција, Меѓу загинатите има и три деца. Истовремено, претставници на грчката полиција соопштија дека македонските власти вовеле дополнителни ограничувања за бегалци кои...

Лажна реклама за чај ги злоупотребува аналитичарот Петар Арсовки и доктор Драган Даниловски

Објавата шири морбидна лага дека починал политичкиот аналитичар Петар Арсовски, чијашто фотографија е злоупотребена. Кога ќе го отворите линкот за да ја дознаете вистината, тој ве води на страница...