fbpx

Европскиот парламент даде условена препорака за Македонија

-

Со 404 гласа „за“, 74 против и со 29 отсутни, Европскиот парламент денеска ја усвои резолуцијата за Македонија, што ја поднесе европратеникот и известувач за Македонија, Иво Вајгл.

Документот што беше усвоен денеска во Стразбур содржи уште една, седма по ред препорака до Советот на Европа за почеток на преговори со Македонија за членство во Европската Унија. Сепак, препораката е условена. Во документот се наведува дека земјата мора да излезе од сегашниот политички ќор-сокак, да одржи фер и демократски избори што е можно побргу, да се врати на патот на спроведување реформи за да се отстранат сите пречки за почеток на преговори за влез во ЕУ.

– Земјата се наоѓа во критичен период, но не само поради тоа што предолго чека на вратите на ЕУ како кандидат, туку и поради тоа што се соочува со илјадници бегалци на своите граници – рече известувачот Вајгл, додавајќи дека е време да се направи нов чекор кон евроатлантските интеграции и да се почнат пристапните разговори, доколку изборите се спроведат во согласност со демократските стандарди.

Европратениците во резолуцијата ги повикуваат политичките лидери целосно да го имплементираат Договорот од Пржино и да ги спроведат итните реформи.

„На тој начин земјата ќе ја надмине политичката криза, ќе се подготви за предвремени слободни и фер избори, закажани за 5 јуни, а истовремено ќе отвори пат за почеток на пристапните преговори со ЕУ, на кои чека веќе една деценија“ заклучуваат европратениците во резолуцијата.

Во документот се наведува дека Македонија „се однесувала како одговорен партнер при справувањето на напливот на мигранти и бегалци“ и оти Европската комисија треба да обезбеди помош за управувањето на границите на земјата.

Сепак, европратениците изразиле загриженост поради широко распространетата корупција, особено во државната и во локалната администрација, за јавните набавки, како и за финансирањето на политичките партии. Тие ја повикаа Владата неселективно да се бори против корупцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...