fbpx

Иванов: Сакам Бугарија да ја прегрне Македонија и да ја поддржува

-

Претседателот Ѓорге Иванов во интервју за бугарската новинска агенција „БГНес“ изјави дека не постојат јазични бариери со Бугарија и оти таа треба најмногу да ја поддржува Македонија и да ја прегрне.

– Сакам Бугарија да биде државата што најмногу ќе ја поддржува Македонија, Како што се вели, да ја прегрне Македонија. Ние немаме јазична бариера. Имаме отворени прашања од минатото. Не можеме да ја смениме историјата, не можеме да ја смениме географијата – засекогаш ќе бидеме соседи. Македонија е 25 години независна држава. Сакаме искрени и добрососедски односи со сите соседи. Не можеме да ја смениме историјата, но ако денеска промениме нешто, ќе ја смениме иднината на нашите наследници. Тоа значи дека во иднина нема да се робува, како што ние робувавме во одредени периоди од минатото, во времето на Османлиската Империја, Студената војна, блоковската поделба, нашиот живот во рамките на Југославија. Денеска сме независна држава и неопходно е со сите наши соседи да имаме добри односи. Тоа е во интерес на сите во регионот. Гледате како другите региони наоѓаат начини да соработуваат – вели Иванов за „БГНес“.

Во интервјуто, македонскиот претседател се осврна и на бранот бегалци кои преку Балканот се обидуваат да стигнат до Германија и до Скандинавија. Тој вели дека бегалците бегаат од кризни региони, војна и оти треба да им се помогне, но, исто така, наведува дека меѓу нив можно е да се најдат и странски платеници на исламистите.

– Во таа ситуација беше занемарено прашањето на безбедноста. Сите сме сведоци на тоа што се случува на Блискиот Исток, каде се води војна. Многу странски борци го искористија бегалскиот коридор за да влезат во Европската Унија. По појавата на бегалскиот бран, овој коридор почнаа да го користат и економските мигранти. Тоа не се луѓе кои бегаат од војни, повеќето се обични мигранти што доаѓаат од голем број африкански и азиски земји. Овој огромен бран бегалци и мигранти може да го искористат и странските борци. Само од Балканот има 1.000, а од Македонија 142 лица странски борци. Според податоци на Европол, денеска во Европа има меѓу 2.000 и 5.000 лица кои се вратиле од боиштата. Тоа се луѓе кои со години живееле во Европа, некои од нив го прифатиле исламот и заминале во конфликтните области. Во зависност од развојот на ситуацијата во Сирија и во Ирак, голем дел од нив го искористија бегалскиот бран за да се вратат и се вратија преку нивните мрежи. А сега го извршуваат тоа што го планирале додека биле во Сирија или на друга жешка точка. Поради оваа причина многу настојував да има соработка меѓу службите за безбедност. Тие се должни да разменуваат информации и податоци – рече Иванов во интервјуто и додаде дека на бугарскиот премиер, Бојко Борисов, му предал мапа од новите рути што ги користат шверцерите на мигранти, а кои минуваат низ Бугарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...