fbpx

Еден полицаец и девет мигранти повредени во инцидентите на границата – ситуацијата под контрола

-

По инцидентот во кој бегалците во знак на револт почнаа да фрлаат со камења и урнаа дел од жичената ограда на грчко-македонската граница, илјадници мажи, жени и деца седнати на железничката линија попладнево продолжија со протестот и со барањата македонската полиција да ги пропушти за да го продолжат патот кон Западна Европа.

Во инцидентите, за чие смирување полицијата употреби и солзавец, повредени се девет лица, од кои три жени, додека 15 беа веднаш префрлени во шаторот на „Доктори без граници“, жалејќи се на проблеми со дишењето поради солзавецот.

Од МВР за „Мета“ информираат дека при интервенцијата еден полицаец бил повреден.

Паралелно со надгледувањето на мирниот протест на бегалците, македонската полиција работи на поправање на оградата, а на границата пристигнало засилување од дополнителни полициски сили.

Во целосен прекин е железничкиот сообраќај од Грција кон Македонија.

Околу пладне илјадници бегалци почнаа да трчаат од кампот кај Идомени кон оградата од македонска страна, поттикнати од информација дека границата се отвара за сите, иако беше дозволен премин само на 50 лица. Откако барањата на бегалците да бидат пропуштени наидоа на ѕид и на дополнително засилување на оградата со железни столбови, тие почнаа да фрлаат со камења од пругата кон полицијата, а група бегалци најде и сообраќајна табла со која почна да ја турка оградата.

Дел од оградата падна при овој удар на бегалците, на што полицијата одговори со солзавец и со шок-бомби за да се растера толпата и да се разбие протестот. Поради протестот, наместо 50, поминале само десетина бегалци.

Ситуацијата и понатаму останува тензична. Кај Идомени чекаат околу 7.000 бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...