fbpx

Хојт Ји денеска ќе се сретне со техничкиот премиер, Емил Димитриев

-

Заменикот помошник на државниот секретар за европски и за евроазиски прашања на САД, Брајан Хојт Ји, кој е во посета на земјава, денеска ќе се сретне со техничкиот премиер, Емил Димитриев, и со дел од политичките лидери.

Вчера, Хојт Ји оствари средби со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ и на ДПА, Никола Груевски, Али Ахмети и Мендух Тачи, а имаше средба и со републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата меѓу Хојт Ји и Никола Груевски се зборувало за актуелната политичка состојба, надминувањето на политичката криза, како и за глобалните предизвици поврзани со мигрантската криза.

Груевски истакнал дека неговата партија е за надминување на политичката криза преку успешно спроведување на претстојните избори, на кои граѓаните ќе го имаат главниот збор и ќе одлучат за иднината на државата. Тој посочил дека од важен интерес за партијата, но и за државата е изборите да бидат фер и демократски, за што е потребен ангажман и посветеност од сите чинители одговорни за процесот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, рекол дека стратегиски интерес е реализирањето на евроатлантските интеграции на Република Македонија и станувањето полноправна членка на НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....