fbpx

МВР за инцидентот: Повредени двајца полицајци, употребен солзавeц и шок-бомби

-

Двајца полицајци биле повредени во вчерашните инциденти кај граничната кота 59 на македонско-грчката граница, кога неколку стотици мигранти се обидоа да ја пробијат жичената ограда и да влезат во земјава, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според официјалната информација од МВР за настанот, при интервенцијата не била употребена физичка сила и биле користени шок-бомби и солзавец.

Оттаму велат дека нема повредени мигранти на македонската страна од границата.

„На 29 февруари 2016 година, во 11 часот, дошло до прекин на контролираното пропуштање на мигранти на гранична кота 59 поради избувнување на немири предизвикани од поголема група мигранти на самата гранична линија од страна на Грција. Групата мигранти со помош на метални шипки извршила оштетување на капијата на која се пропуштаат товарните возови од Р.Грција во Р.Македонија и се обиделе да влезат во Р.Македонија. Мигрантите фрлале камења и тврди предмети кон полициските службеници. Со интервенција на полициски службеници од Посебната единица за поддршка (ПЕП) и од Единицата за брзо распоредување (ЕБР), спречен е нивниот обид и состојбата е нормализирана во 11.50 часот. При интервенцијата не е употребена физичка сила, употребени се шок-бомби и солзавци, а повредени биле двајца полициски службеници. Повредени мигранти на македонска територија нема“, стои во информацијата за случајот во дневниот билтен на МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...