fbpx

Грчките специјалци ги отстранија мигрантите од Идомени

-

Грчката полиција утрово, околу 6 часот, почнала да ги отстранува мигрантите што останаа заглавени кај Идомени откако вчера македонските власти го затворија преминот за авганистански државјани и дозволуваат само влез на лица од Сирија и од Ирак.

Како што пренесуваат грчките медиуми, припадници на полициската единица за справување со нереди ја расчистиле железничката пруга, која беше бликирана, и ги отстраниле неколкуте стотини мигранти, кои со автобуси биле пренесени во Атина. Претходно полицијата од местото ги отстранила новинарите и фоторепортерите.

Тензиите кај граничната кота 59 почнаа да се зголемуваат вчера, по затворањето на границата за мигрантите од Авганистан, а околу 600 мигранти се обиделе да ја пробијат жичената ограда, кај пунктот за премин и да влезат во Македонија.

Од МВР и од другите институции во земјава, задолжени за справување со мигрантската криза, сè уште нема официјална информација околу одлуката за забрана за транзит на државјаните на Авганистан. Сепак, извесно е дека мерката е иницирана од другите земји од западно-балканската рута, односно Хрватска, а по неа и од Србија, кои престанаа да ги пропуштаат мигрантите од Авганистан. Заострени се условите и за другите мигранти кои сакаат да бараат азил во земјите од ЕУ. Тие мора да поседуваат пасош, лична карта или возачка дозвола со која ќе го докажат својот идентитет и местото на потекло, за да можат да го продолжат патот низ земјите од балканската рута.

Во неделата повеќе од 600 мигранти останаа заглавени кај граничниот премин Табановце, откако Србија одби да ги прими.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...