fbpx

Европскиот парламент го одложи гласањето за резолуцијата за Македонија

-

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент во Брисел, го одложи гласањето за резолуцијата за Република Македонија, која, според предлогот на известувачот Иво Вајгл, треба да содржи седма последователна препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите на македонската држава со Европската унија.

Според информациите од ЕП, европратениците чекаат да видат како ќе се развијат настаните во однос на очекуваните предвремени парламентарни избори во Македонија за да може и овој дел да влезе во резолуцијата што се однесува на извештајот за напредок во евроинтеграциите на Македонија, кој го подготвува Европската комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...