fbpx

Заев по средбата со Ховит, Вајгел и со Кукан: Избори на 24 април не може да има

-

Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски денеска се сретнаа со европратениците Иво Вајгел, Ричард Ховит и Едвард Кукан.

Како што соопштија од СДСМ, Заев рекол дека оцената на меѓународната заедница, на ЕУ и на САД, дека нема услови за регуларни, веродостојни избори на 24 април е потврда на фактичката состојба, на вистината.

„Јасно е дека фер избори на 24 април не може да има. За да се создадат услови за веродостојни избори, мора да се прочисти избирачкиот список и да се спроведе реформа во медиумите. Победникот на изборите мора да има полн и чист легитимитет за да се надмине кризата, да се обезбеди стабилноста на државата, но и за Македонија да тргне напред по европскиот пат“, рече Заев.

Европратениците ги информирале членовите на СДСМ дека Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, за шест дена го одложи гласањето за резолуцијата за Македонија, којашто требаше да содржи препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите со ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...