fbpx

Обама: Затворањето на „Гвантанамо“ е во интерес на САД

-

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека воениот затвор „Гвантанамо“ не „придонесе за националната безбедност, туку напротив, дополнително ја загрози“.

– Нашиот план е конечно затворање на кампот – рече Обама во обраќање до јавноста.

Против затворениците во „Гвантанамо“, како појасни Обама, не е подигнато ниту едно обвинение, немаше судење, а со тоа се кршат сите демократски вредности.

Триесет и пет затвореници ќе бидат трансферирани во други земји, а педесетина затвореници и понатаму се сметаат за опасни за да бидат пуштени.

Конгресот го забрани нивниот трансфер на американско тло во 2011 година, но Обама истакнува дека со Конгресот ќе работи на тоа тие што остануваат во „Гвантанамо“ да се трансферираат на американско тло.

– Средствата што сега се издвојуваат за одржување на „Гвантанамо“ се особено високи, а со негово затворање американските трошоци на годишно ниво би се намалиле за околу 85 милиони долари – рече Обама, додавајќи дека затворањето на затворот е во интерес на САД и оти е време да се сврти нов лист во американската историја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...