fbpx

Тензично кај граничната кота 59, МВР молчи за непропуштањето на мигранти од Авганистан

-

Илјадници мигранти се заглавени во меѓуграничната зона на грчко-македонската граница откако македонските власти престанаа да ги пропуштаат авганистанските државјани и дозволуваат само влез на лица од Сирија и од Ирак.

Би-Би-Си“ пренесува дека во моментов на границата се заглавени околу 5.000 мигранти, а во меѓувреме во грчкото пристаништето во Пиреја пристигнале нови 4.000 мигранти.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска, иако најавија, досега нема никаква информација за состојбата на јужната граница и од кога и зошто не се пропуштаат мигранти од Авганистан.

Денеска за ова реагираше и грчкиот министер за миграциски прашања, Јанис Музалас, кој ја обвини Македонија дека го крши договорот за бегалската криза, со кој се гарантира дека границите за бегалците ќе бидат отворени и слободни за премин до 6 март.

Во меѓувреме, кај котата 59 на македонско-грчката граница, како што пренесува „Телма“, владее тензична атмосфера. Покрај забранетиот влез за мигрантите од Авганистан, почнаа да се спорведува и новата процедура за регистрирање на мигрантите од Сирија и од Ирак. Миграните, освен потврдите издадени од грчките власти, мора да поседуваат пасош, лична карта или возачка дозвола за идентификација и за утврдување на местото од каде доаѓаат.

Зошто е донесена одлуката со која е забранет влезот за авганистански државјани и и од кога е таа на сила, како што пренесува „Телма“, не кажуваат ниту од Центарот за управување со кризи.

Од МВР вчера за „Мета“ информираа дека на македонско-српската граница, кај Табановце се заглавени повеќе од 600 мигранти, оти српските власти одбиваат да ги пропуштат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...