fbpx

Тодоров: До овој момент одлуката на ВМРО-ДПМНЕ е да има избори на 24 април

-

До овој момент одлуката на извршниот и на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е да има избори на 24 април, истакна Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во попладневните вести на телевизија „Сител“.

– ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија, со висок степен на демократија, внатрешна демократија, во органите и во телата на партијата. Во овој момент одлуката на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и одлуката на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е за избори на 24 април – рече Тодоров.

Пратениците во Собранието на Република Македонија имаат рок уште два дена да побараат да се промени веќе донесената одлука со одложено дејство за распуштање на 24 февруари.

Формално, Собранието е распуштено по експресно донесената одлука на 18 јануари во отсуство на СДСМ и според тоа, одлуката со одложено дејство треба да стапи на сила на 24 февруари, односно 60 дена пред изборите.

Ова може да се смени ако се стопира оваа одлука, за што се потребни гласовите на 62 пратеника.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...