fbpx

ДИК како „Гугл“: По проверката на базите, податоците ќе бидат ставени во серверот за вкрстување

-

Државната изборна комисија ги има донесено сите потребни акти за постапката за проверка и за ажурирање, како и целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во избирачкиот список, соопшти денеска ДИК, по прозивката од ВМРО-ДПМНЕ јавно да кажат колку време им е потребно за прочистување на избирачкиот список.

„Четворицата консултанти за информатичка технологија предложени од четирите најголеми политички партии и еден меѓународен консултант, ангажиран од ИФЕС, кој ја координира работата, го извршија вчитувањето на податоците во една единствена база и нивно стандардизирање и оптимизирање во потребен формат. Во моментов се врши проверка на податоците во секоја од базите, по што податоците ќе бидат префрлени во единствен сервер на Државната изборна комисија, на кој ќе се вршат вкрстените проверки“, соопштуваат од ДИК.

Во меѓувреме, се вели во соопштението, тимот на консултанти подготвува предлог-листа на прашања за тестовите за вкрстените проверки, кои веднаш ќе бидат усвоени од Државната изборна комисија. Тимот на консултанти ќе подготви и пред Државната изборна комисија ќе презентира и финален извештај, по чие усвојување од ДИК ќе почнат со работа трите ИТ-компании што ќе ја извршат вкрстената проверка на базите на податоци.

„Државната изборна комисија врши кадровско доекипирање. Целосно е спроведен огласот за вработување на лица во одделенијата за избирачки список и за информатичка технологија. Со оглед на тоа дека не се пријавија доволен број кандидати, огласот за пополнување на работни места во секторот за ИТ ќе биде делумно повторен. Во тек е и постапката за вработување на 11 лица во правната служба на Државната изборна комисија и во нејзините подрачни одделенија. По барање на Државната изборна комисија од 8 февруари, Министерството за финансии на 16 февруари изврши пренасочување на буџетски средства на сметката на ДИК, за да можат целосно да бидат спроведени сите активности поврзани со изборниот процес“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...