fbpx
Таг: ковид -19

таг: ковид -19

МЗ: Омикрон доминира, вирусот најмногу се шири меѓу младите и средовечните

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека во период од една седмица за 51 отсто, е зголемен бројот на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2, односно коронавирусот. Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи, а најзастапени се лицата на возраст од 30-39 (27 отсто), 20-29 (24 отсто) и 40-49 (17 отсто). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години...

Откриени 813 нови случаи на ковид-19, регистрирани уште 6 починати лица

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 5.165 тестови, а регистрирани се 813 нови случаи на ковид-19: Скопје – 549, Битола – 49, Куманово – 40, Кавадарци – 25, Охрид – 20, Струмица – 17, Прилеп – 16, Штип – 11, Струга – 10, Гостивар и Велес – по 9, Гевгелија – 7, Кочани –...

Нови 1.396 случаи на ковид, во изминативе 24 часа регистрирани уште девет смртни случаи

Министерството за здравство на Северна македонија соопшти дека во последните 24 часа во земјава биле направени 11.479 тестирања, регистрирани биле 1.396 новис лучаи на ковид-19. Од нив, најголемиот дел се од Скопје, односно 790, а ппотоа следуваат: Битола – 164, Прилеп – 80, Кавадарци – 41, Куманово – 31, Охрид и Гевгелија – 26, Гостивар – 24, Кичево – 22,...

Вистиномер: Топ три дезинформации за заштитните маски во 2021 година

Коронавирусот којшто веќе две години е присутен во целиот свет, се шири преку респираторните капки што луѓето ги исфрлаат кога зборуваат, пеат, кашлаат или киваат. Заштитните маски доколку се носат правилно и се комбинираат со други заштитни мерки помагаат да се спречи ширењето на коронавирусот. Но и покрај важноста на заштитните маски при спречување на ширењето на вирусот, на...

Нови 1.171 позитивни, бројот на активни случаи надмина 9.100

Уште 1.171 нови случаи на заболени од ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени вкупно 7.932 тестирања. Процентот на позитивни од направените тестови изнесува 15 отсто. Уште шестмина пациенти починале како последица на болеста, јави Министерството за здравство. Бројот на починати како резултат на ковид-19 од почетокот на пандемијата надмина 8.000. Во моментов е во тек најновиот бран на...

Вистиномер: Вакцинацијата е клучна за пациентите со бубрежни заболувања

Од почетокот на пандемијата стотина пациенти со бубрежни заболувања кои се лекуваат во Специјалната болница за хемодијализа во Струга, заболеа од коронавирусот. Лекарите укажуваат дека кај овој вид хронични болни од исклучителна важност е да бидат вакцинирани против ковид-19. Тие се во категорија на тешки болни со голем број на коморбидни состојби и доколку не се вакцинирани можноста за...

Денеска 1.725 нови случаи на ковид-19, бројот на починати од ковид надмина 8.000

Рапидно ширење на ковид-19 низ земјава. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени биле 7.472 тестирања, а регистрирани се 1.725 нови случаи на ковид-19. Притоа, најголем дел од случаите се забележани во Скопје – 1.028, а потоа следат Битола – 148, Прилеп – 112, Охрид – 61 и Куманово – 52. Во текот на изминатото деноноќие регистрирани...

МВР одзеде документација од казино во Дојран заради сомнеж за фалсификување ковид сертификати

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица - ОВР Гевгелија во текот на вчерашниот ден по претходно добиена судска наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претреси на три локации поради основано сомнение за сторено кривично дело, а во врска со наводите за фалсификување сертификати во казино во Дојран, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Извршени се...

Поради омикронот, фестивалот „Санденс“ ќе има виртуелно издание годинава

На две недели пред неговиот почеток на 20 јануари, фестивалот „Санденс“ соопшти дека овогодинешното издание на еден од најистакнатите филмски фестивали ќе се одржи виртуелно. Омикрон сојот што забрзано се шири низ САД ги одложи настаните со физичко присуство, закажани за периодот од 20 до 30 јануари. „Санденс“ првично беше планирано за годинава да се одржи во хибриден формат, со...

Вистиномер: Топ пет дезинформации за ПЦР тестовите во 2021 година

Во 2021 година која изобилуваше со лажни вести поврзани со ковид-19, освен за самиот вирус и за вакцините, многу дезинформации се ширеа и за тестовите со кои се детектира коронавирусот. Тестирањето, пак, игра клучна улога при справувањето со пандемијата бидејќи заразените лица кои навремено ќе се тестираат и самоизолираат не го шират вирусот на други луѓе. Затоа уште на...

1.375 нови случаи на ковид-19, починати 2 лица

Од Министерството за здравство денес информираат дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во изминатите 24 часа регистрирани се вкупно 1.375 нови случаи на КОВИД-19 од направени 7.188 тестирања. Од тестираните, 852 новозаболени се во главниот град. Од Министерството известуваат дека 217 пациенти се оздравени, додека две лица починале, едно од Скопје на возраст до 75 години и друго...

Вистиномер: Десет најголеми дезинформации за коронавирусот во 2021 година

Лажните вести ги преплавија социјалните мрежи, но и добар дел од медиумите во 2021 година. Ова се должи пред сè на пандемијата со коронавирусот која, иако трае речиси две години, сепак сè уште е главна тема за ширење дезинформации, особено на социјалните мрежи. И покрај тоа што десега во светот од ковид-19 заболеа милиони луѓе, а дел од нив ...

Вистиномер: Коронавирусот не е глупост и тргањето на маските нема да доведе до негово исчезнување

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ на една дезинформација за заштитните маски што се шири на социјалните мрежи: Пост на Фејсбук сугерира луѓето да престанат да носат маски „за се да се врати во нормала“, бидејќи тие биле основа на сите глупости. Маските штитат од пренесување на коронавирусот и има научни истражувања кои го докажуваат тоа. Ако во постот...

Вистиномер: Пет најбизарни дезинформации за вакцините во 2021 година

Здравствените власти нарачаа големи количини вакцини против ковид-19, без притоа да знаат колку од граѓаните во земјава се заинтересирани да ги примат. На почетокот од вакциналната кампања се вакцинираа оние граѓани кои сакаа да го сторат тоа, а потоа почна трката меѓу антивакциналните дезинформации од една страна и обидите тие да се сузбијат со официјални и точни информации од...

Учениците од утре на тринеделен зимски распуст

Учениците од основните и средните училишта денеска го завршуваат првото полугодие од учебната година. Тие од утре се на тринеделен зимски распуст. Според календарот на Министерството за образование и наука (МОН) предвидено е да се вратат на настава на 20 јануари, односно тогаш ќе почне второто полугодие. Претходно министерката за образование Мила Царовска рече дека засега нема потреба од продолжување на...

Вистиномер: Доктор неточно тврди дека вакцините против ковид-19 се експериментални

Вакцините кои се користат во Северна Македонија  не се експериментални. вакцината на „Фајзер“ стана првата вакцина во светот, која доби целосна дозвола за употреба од Американската агенција за храна и лекови. Европската агенција за лекови (ЕМА) ги одобри и вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“, како што може да се види од официјалната страница на Агенцијата. Светската здравствена организација...

Денеска 14 починати од ковид-19 и четири лица пријавени од претходно

Нови 14 лица од земјава починаа од ковид-19 во текот на денешниот ден, а дополнителни четири лица се регистрирани како починати во периодот од 17 до 25 декември, информираат од Министерството за здравство. Со ова, бројката на граѓани што ја изгубија битката со корона вирусот се искачи на 7.935 лица. „Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати...

СЗО: Омикрон може да ги оптовари здравствените системи

Светската здравствена организација предупреди дека варијантата на коронавирус Омикрон може да доведе до преоптоварени здравствени системи, иако студии укажуваат на тоа дека овој сој предизвикува лесна клиничка слика. Ограничувањата се враќаат во Кина, Јужна Африка и Германија додека земјите ширум светот се борат да го запрат ширењето на новата варијанта. Напливот на ковид-19 направи хаос низ целиот свет, принудувајќи многу...

Ковид рекорди во Грција: 21.657 ново заболени за еден ден

Вчера Грција забележа нов рекорден број на инфицирани со коронавирусот за еден ден, соопштија тамошните власти, додавајќи дека тоа е доказ за големата заразност на новиот вид омикрон. За 24 часа во Грција се заразени 21.657 лица, што е двојно повеќе од заразените во понеделникот, кога беа пријавени 9.284 нови случаи од кои повеќето во Атина и Солун. За...

Вистиномер: Манипулација – жолтите ленти во Германија не се наци-ленти за невакцинираните

Германија е една од земјите со строги антиковид мерки, каде невакцинираните имаат изразени рестрикции и можат да влезат на малку места, како аптеки и маркети, додека на работа секојдневно приложуваат тест, кој го обезбедува работодавачот. Токму покраината Хесен, каде живее нашинецот кој ја споделил фотографијата со жолтата лента, има едни од построгите правила. На интернет страната на Министерството за...