МВР одзеде документација од казино во Дојран заради сомнеж за фалсификување ковид сертификати

-

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица – ОВР Гевгелија во текот на вчерашниот ден по претходно добиена судска наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претреси на три локации поради основано сомнение за сторено кривично дело, а во врска со наводите за фалсификување сертификати во казино во Дојран, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Извршени се претреси кај три правни лица, при што е одземена службена медицинска документација која се однесува на извршени тестирања за присуство на Ковид 19, извршени претежно на лица од странство, одземен е електронски дневник (книга) на издадени сертификати за периодот од 19.12.2021 до денот на претресот, а исто така извршени се службени разговори со две лица“, се наведува во соопштението на МВР.

При претресот, бил извршен увид и преглед во компјутерската евиденција – списоци на грчки државјани кои се пријавиле за тестирање на правното лице, како и во просториите на „импровизираниот“ медицински пункт во казино во Стар Дојран.

По насоки на јавен обвинител, целокупната одземена документација ќе биде доставена до ОЈО Гевгелија за нивно постапување, а МВР ќе ги преземе сите мерки и активности за кои ќе добие насоки од надлежното обвинителство со цел расчистување на случајот.

Ваквиот епилог следува откако грчки медиуми деновиве објавија стории, во кои наведуваат дека казино од Дојран издавало фалсификувани ковид сертификати на грчки државјани, со што им било олеснето преминувањето на граничниот премин. Во сторијата се тврди дека лажните сертификати за брз тест биле документи од овластен дијагностички центар, во кои без да биде извршено какво и да е тестирање, само се пополнувале имињата на клиентите кои доаѓале во земјава за коцкање.

Шолц потврди дека гласањето доверба на владата во Бундестагот ќе се одржи на 16 декември

Германскиот социјалдемократски канцелар Олаф Шолц (66) денес потврди дека ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември, а Бундестагот потоа ќе гласа на 16 декември, отворајќи го...