Германија е една од земјите со строги антиковид мерки, каде невакцинираните имаат изразени рестрикции и можат да влезат на малку места, како аптеки и маркети, додека на работа секојдневно приложуваат тест, кој го обезбедува работодавачот. Токму покраината Хесен, каде живее нашинецот кој ја споделил фотографијата со жолтата лента, има едни од построгите правила. На интернет страната на Министерството за труд и социјала на Германија, а и на сајтот на Владата на покраината Хесен има широки инструкции за правилата за вакцини кај вработените, односно компаниите и работодавачите, но никаде не се споменува носење на некакви ленти. При пребарување на Интернет може да се најде дека ленти во различна боја се носат за да се разликуваат вакцинирани и невакцинирани со негативни тестови, но на популарните Божиќни базари, пишува „Вистиномер“ во анализата, што ја пренесуваме во целост:
На социјалната мрежа Фејсбук е споделен пост, како што се тврди, на Македонец кој работи во Германија, а во прилог е закачена и фотографија каде е прикажана рака со жолта лента што ја добил на неговото работно место.
Со жолта лента на зглобот кај дланката се обележуваат сите невакцинирани вработени на возраст под 50 години со обврска до 15 март 2022 година да ги примат сите три дози на вакцина, во спротивно ако и по истекот на овој рок ги немаат аплицирано во своето тело трите вакцини ќе се соочат со отказ на работа и казна од 3600 евра, сведочи нашиот сограѓанин кој работи во фирма во Германија. Изгледот на оваа жолта лента на зглобот потсетува на жолтите ленти со Давидовата ѕвезда со која биле обележувани Евреите во нацистичка Германија, се вели во постот.
Овој пост, којшто има 16 споделувања на Фејсбук, споделува напис, кој, пак, пренесува објава од Твитер, на којашто, покрај приложената фотографија со жолтата лента, пишува:
Конечно жолта лента за невакцинирани под 50 год
Корисникот на социјалната мрежа објаснува дека е во Висбаден, главен град на покраината Хесен.
На интернет страната на Министерството за труд и социјала на Германија, а и на сајтот на Владата на покраината Хесен има широки инструкции за правилата за вакцини кај вработените, односно компаниите и работодавачите, но никаде не се споменува носење на некакви ленти. При пребарување на Интернет може да се најде дека ленти во различна боја се носат за да се разликуваат вакцинирани и невакцинирани со негативни тестови, но на популарните Божиќни базари.
На сајтот на Божиќниот базар во Магдебург, главен град на германската сојузна држава Саксонија – Анхалт, пишува дека во кругот на базарот можат да влезат сите според правилото за 2G, односно за вакцинирани и тие што имаат доказ дека прележале ковид.
По прикажувањето на соодветните докази, посетителите ќе добијат лента на штандовите. Овластувањето за носење на оваа лента го проверуваат персоналот за обезбедување, теренската служба и полицијата
Весникот Алгемајне цајтунг во текст за Божиќните базари во Германија пишува дека на влез во некои од овие места, се делат ленти.
Од петокот, лентата се користи како доказ за 2G на божиќните базари и во малопродажбата по претходна проверка, зашто тоа олеснува многу работи
На Инстаграм е објавена фотографија од контролата на влез на посетителите на Новогодишен пазар, каде редарот во раце држи ленти.
View this post on Instagram
Отсега клиентите можат да купуваат и во продавниците со нараквиците на Божиќниот пазар со 2G. Правилото можеби ќе трае и по Божиќ
Германија е една од земјите со строги антиковид мерки, каде невакцинираните имаат изразени рестрикции и можат да влезат на малку места, како аптеки и маркети, додека на работа секојдневно приложуваат тест, кој го обезбедува работодавачот. Токму покраината Хесен, каде живее нашинецот кој ја споделил фотографијата со жолтата лента, има едни од построгите правила.
За да им биде појасно на граѓаните, Германија воведе правило 2G, односно вакцинирани и прележени дополнително и со негативен тест и 3G вакцинирани или прелжани или со негативен тест. Во иднина се најавува дека ва влез во некои места, како дом за стари лица или младински центри, се применува само правилото 3G. Доколку некој сака да јаде во некои од местата за брза храна, на пример, треба да приложи доказ за целосна вакцинација, прележан ковид или негативен тест. Редарската служба во ресторанот е должна да провери дали е валиден документот.
Правилото 3G ќе важи и за вработените во градинките и центрите за згрижување деца.
Во Хесен во голем дел се применува правилото 2G Plus, односно покрај доказот за вакцина или прележан ковид треба и дополнителен негативен тест. Негативен тест не се бара за граѓаните кои примиле трета доза.
Пропишани мерки во покраината Хесен:
Од 7 декември има ограничување и за домашните собирања, каде во еден дом може да се затекнат лица од едно домаќинство и најмногу две лица од друго.
Од работодавците сè уште се бара да обезбедат брзи антигенски тестови или само-тестови најмалку двапати неделно за сите вработени кои се невакцинирани.
Врз основа на проценка на ризикот, работодавачите мора да пропишат компаниски протоколи според важечките мерки за заштита. Покрај задолжителната употреба на маска, се ограничуваат личните контакти. Истовремената употреба на иста просторија од неколку лица мора да се сведе на потребниот минимум. Заштитата од инфекција, исто така, мора да се гарантира за време на паузата и во областите каде се користи паузата. Работодавачот во секое време може да испрати вработен на работа од дома.
Во иднина, пристап до работното место ќе им биде дозволен само на вработените со 3G статус. Работодавачот може да го прегледа и обработи статусот на вакцинирани, прележани или тестирани со цел да ги исполни обврските за контрола и документација, но не и да ги чува на долг рок. Во случај на сомнеж, невакцинираните лица мора сами да достават докази од тестови во сите работни денови. Вработените може да работат од дома, освен ако тоа не е можно од оперативни причини. Вработените мора да ја прифатат понудата за домашна канцеларија.
Веќе од март 2022 година на работа може да доаѓаат само вакцинирани.
Од сето ова, како и од последните пишувања на светските медиуми (овде и овде) за тоа како Германија се справува со очекуваниот наплив на нови ковид-19 случаи со оглед на новата омикрон варијанта, како и најновите мерки на германските федерални власти, никаде не се спомнува користење жолти ленти. Станува збор само за употреба на такви ленти и тоа не само жолти, туку во различни бои (од кои само една е жолта и сам отаа се спомнува во постот и написот), во еден божиќен базар и тоа само заради брзо утврдување на статусот на купувачите и забрзување на божиќниот шопинг. Ако шопинг центрите можат да ги контролираат своите влезови, кај отворените базари тоа не секогаш е можно зашто тие се одвиваат и на отворено. Во конкретниов случај станува збор и за недостиг на контекст – едноставно, прикриен е фактот дека станува збор за ленти во различни бои, кои ќе се употребуваат само на еден божиќен базар, но и за дезинформирање, зашто се вели дека со жолта лента ќе биле обележани сите оние вработени кои не се вакцинирани, што не е точно. Таква мерка немааат донесено ниту федералните, ниту провинциските власти во Германија, ниту, пак, такво нешто има во спомнато во светските медиуми, пишува „Вистиномер“.