fbpx
Таг: ковид -19

таг: ковид -19

Вистиномер: Вакцините не можат да ве разболат од ковид-19

Коронавирусот е респираторен вирус кој се пренесува преку контакт со заболено лице, односно преку неговите респираторни секрети кои се распрскуваат во вид на ситни капки кога заразениот кашла и кива, преку плунка или течење од носот. Вакцината против ковид-19 никако не може да ве зарази со коронавирус. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот ковид-19 и...

Вистиномер: Не е вистина дека во 2019 починале повеќе од грип отколку во 2020 од коронавирус

Податоците коишто се изнесени во оваа објава немаат апсолутно никаква поврзаност со реалната ситуација. Бројката од 1.203 починати од грип во 2019 е целосна невистина и не е ни блиску до вистинската бројка на починати којашто е драстично помала. Но, дури и да беше точна оваа бројка таа, сепак, е дупло пониска од вистинската бројка на смртни случаи од...

УНИЦЕФ: Одложувањето на учебната година да биде мерка од привремен карактер

Одлуката на Владата за одложување на почетокот на учебната година по зимскиот распуст треба да биде мерка од привремен карактер и треба да се вложат сите напори децата да се вратат во училиште, смета претставничката на УНИЦЕФ во земјава Партиција ДиЏовани. Таа вели дека 2022 не смее да биде уште една година на нарушено учење, туку година во која образованието...

Германија и Финска со нови ковид протоколи за македонски државјани

Заради ситуацијата со ковид-19 пандемијата, Германија ја врати Република Северна Македонија на листата на ризични земји, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Со оваа најнова одлука на германските власти, од државјаните на Северна Македонија при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување на потврда за вакцинација или за прележан ковид-19 или пак негативен ПЦР тест. За лицата кои...

Шаќири апелира во продолжениот распуст да се почитуваат мерките против ковид-19

Новиот министер за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска на прес-конференција апелираше до учениците, родителите, наставниците за време на продолжениот распуст максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19. „Со цел да го сочуваме јавното здравје и здравјето на нашите најблиски, повикувам на свесност и одговорност за да го спречиме ширењето на заразата. Апелираме до родителите,...

Вистиномер: Рокот на употреба на вакцината на „Фајзер“ е продолжен од 6 на 9 месеци

Во ноември 2021 година МАЛМЕД објави писмо до здравствените работници во кое ги информира дека рокот на фајзеровата вакцина е продолжен од шест на девет месеци и дека новиот рок за употреба е одобрен и од европската агенција за лекови ЕМА. Од Министерството за здравство уверуваат дека вакцините се безбедни и покрај новиот рок. Македонија не е единствената држава...

Во Бугарија од четврток ќе може да патуваат наши државјани, но само со ПЦР тест

Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) денеска соопшти дека по интензивната комуникација со МНР на Бугарија е преиначена вчера соопштената одлука, со која Бугарија ја спушти рампата за државјаните на државава почнувајќи од 19 јануари, освен за одредени категории, како медицинските лица, хуманитарните работници, студентите, лицата со регулиран престој, делегациите и слично. Според новата одлука, иако Северна Македонија продолжува да...

Владата го продолжи зимскиот распуст за учениците до 1 февруари

На вчерашната втора седница на Владата на РСМ е одлучено зимскиот распуст за учениците и средношколците од основното и средното образование да продолжи до крајот на месецов, а второто полугодие да почне на 1 февруари. Инаку, второто полугодие требаше да започне задутре. Одлуката за продолжување на зимскиот распуст е донесена на препорака на Главниот координативен кризен штаб за справување со...

Поради ковид-19, од среда Бугарија ги затвора границите за влез на македонски државјани

Поради влошената епидемиолошка ситуација во Бугарија и во Европа, согласно најновата одлука на бугарското Министерство за здравство, изменет е режимот за влез и за државјаните на Република Северна Македонија, почнувајќи од 19 јануари (среда), со која се ограничува влезот за сите таканаречени не-есенцијални патувања во земјата, информираат од македонското Министерство за надворешни работи (МНР). Исклучоците од ваквото ограничување за влез...

МЗ: Регистрирани 766 нови позитивни случаи на ковид-19, починале 12 лица

Во изминатото деноноќие регистрирани се нови 766 позитивни на ковид-19 од направени 3.748 тестови, што е околу 20 отсто од тестираните, објави Министерството за здравство. Најголем дел од новите случаи (68%) се од Скопје – 521, потоа во Битола – 33, Куманово – 32, Струмица – 23, Кавадарци – 20, Прилеп – 19, Штип – 17, Охрид – 16, Струга...

Вистиномер: Со руско видео се дезинформира дека ученик починал по примена Спутник вакцина

На почетокот на декември 2021 година, во училиште во московскиот регион, 17 годишен студент починал на час. За смртта има две причини кои циркулираат во руските медиуми, но ниедна не е вакцината против ковид-19. Во извештаите од руските медиуми не се ни споменува дали момчето било вакцинирано или не. Едната причина на која работат форензичарите е срцев удар, а...

Од февруари во Австрија задолжителна вакцинација против ковид-19

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска соопшти дека од почетокот на февруари ќе се воведе задолжителна вакцинација против ковид-19 за возрасните лица, со закани од високи казни против антиваксерите, јавува Јуроњуз. Станува збор за прва европска земја во која што вакцинацијата станува задолжителна. Планот за задолжителна вакцинација треба да биде усвоен од австрискиот парламент во четврток, иако дел од опозициските партии...

Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија и нема да игра на Австралија опен

Федералниот суд ја одби жалбата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за да остане во земјата и да игра на Австралија опен. Тој ќе мора да биде депортиран од Австралија, а пресудата на главниот судија Џејмс Алсоп дојде по едногласна одлука на тројцата судии кои расправаа за случајот во Мелбурн на 16 јануари, јавува Би-би-си. Ѓоковиќ се соочува и со можноста...

Шест месечно бебе со вродена аномалија почина од ковид-19

Во денешниот извештај кој Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) го достави до Министерството за здравство (МЗ) пријави починато бебе на шест месечна возраст, кое во регистарот Мој Термин е заведено дека починало на 03.01.2022. Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за Неврохирургија заради оперативна...

МЗ: 78 отсто од починатите од ковид-19 не биле вакцинирани

Во периодот од 6 август лани до 13 јануари на територија на државата позитивни на ковид-19 биле 85.593 граѓани, а од нив 37% односно 32.079 лица биле целосно вакцинирани, соопшти Министерството за здравство. Според анализата на Министерството, невакцинирани биле останатите 53.514 граѓани. Во болниците низ државата моментално се хоспитализирани 340 лица, a од нив 19% се вакцинирани, а 81% не...

Денеска 1.865 нови случаи на ковид-19, речиси секој трет тестиран бил позитивен

Бројот на заболени лица од ковид-19 продолжува да расте во земјава. Денеска биле направени 6.173 тестови, при што биле регистрирани 1.865 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најголем број од новозаболените лица се од Скопје - 871, а по главниот град следат Битола со 177, Прилеп со 119 и Куманово со 86 регистрирани случаи на ковид-19. Во текот...

Во протестите против ковид мерките во Софија повредени девет полицајци

Девет полицајци повредени и двајца уапсени демонстранти е епилогот на протестите вчера попладне пред објектот на бугарското Народно Собрание, кога противниците на ковид-мерките и пратеници на партијата „В'зраждане“ (Преродба) се обидоа неколку пати да влезат во бугарскиот парламент, јави Бугарската национална телевизија. Со остра осуда за насилствата и за навредите и нападите врз новинари се огласија владејчката партија „Продолжуваме со...

Денеска 1.822 нови случаи на ковид-19 од 7.123 тестови, пријавени тројца починати

Бројот на новозаболени лица од ковид-19 со несмалено темпо расте. Во изминативе 24 часа биле направени 7.123 тестови, при што регистрирани се 1.822 нови случаи на ковид-19 во земјава, информираат од Министерството за здравство. Идентично како и во текот на минатите денови, најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје - 918, по што следуваат Битола со 198 и Прилеп...

Вистиномер: Пет најпопуларни надрилекарства против ковид-19 во 2021 година

Photo: Couleur/Pixabay
Во текот на пандемијата со ковид-19 социјалните мрежи беа преплавени со понуди за разни надрилекарства, третмани и „бабини деветини” за  лекување на заразата. Некогаш овие „лекарства“ се користеа за да се промовира превенција од коронавирусот, а некогаш за да им се каже на граѓаните дека самите може да се излекуваат дома со препарати кои наводно „докажано штитат“ од ковид-19....

Нови 1.964 случаи на ковид-19 и уште 13 смртни случаи регистрирани во последните 24 часа

Во последниве 24 часа од последиците од ковид-19 починале седум лица, а пријавени се дополнителни 6 смртни случаи од болеста од претходно, се дознава од новите статистички податоци што ги објави Министерството за здравство (МЗ) Од вчера попладне до денеска попладне, направени се 7.724 тестови, а регистрирани се 1.964 нови случаи на ковид-19, во: Скопје – 1.070, Битола – 226,...

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...