fbpx

Вистиномер: Топ пет дезинформации за ПЦР тестовите во 2021 година

-

Во 2021 година која изобилуваше со лажни вести поврзани со ковид-19, освен за самиот вирус и за вакцините, многу дезинформации се ширеа и за тестовите со кои се детектира коронавирусот. Тестирањето, пак, игра клучна улога при справувањето со пандемијата бидејќи заразените лица кои навремено ќе се тестираат и самоизолираат не го шират вирусот на други луѓе. Затоа уште на самиот почеток на пандемијата СЗО апелираше на масовно тестирање и навремено изолирање на заболените. Во продолжение прочитајте ги петте најголеми дезинформации за тестовите кои го откриваат коронавирусот, пишува „Вистиномер“.

Ретроспективата ја пренесуваме во целост подолу:

ПЦР тестот ќе ве зарази со вирусот

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

ПЦР тестовите коишто се прават за да се детектира дали некоја личност е заразена со коронавирусот, не ги заразува со вирусот оние што се тестираат. Ова е теорија на заговор којашто подолго време се споделува и притоа ја заплашува јавноста. ПЦР тестот, кој се применува насекаде во светот за време на пандемијата со ковид-19, е молекуларен тест одобрен од Светската здравствена организација (СЗО).

Тестирањето е всушност земање на брис подлабоко од грло и нос со стапче со памучен врв, трае неколку секунди и е безбедно, како и секое друго земање брис коешто сите ние сме го правеле многупати досега. Потоа овој примерок под посебни услови се праќа на испитување во лабораторија.

Овие тестови се безбедни и во никој случај не можат да ви наштетат, ниту да ве заразат со вирусот доколку не сте веќе заразени, а се најверодостоен начин да се дознае дали некој е моментално заболен.

Со тестовите се повредува мозочната бариера и се краде ДНК

Фото: Adam Nieścioruk on Unsplash

Едно од најраширените тврдења за тестовите, чија цел е да ја уплаши и натера јавноста да не се тестира, е дека со тестовите се повредува мозочната бариера и дека со нив се краде ДНК!

Ова не е точно. Според ваквата теорија, стапчето за брис кое се вметнува во носот, треба да пробие низ повеќе слоеви ткиво и да пробие низ коската и во крвните садови за да стигне до крвно-мозочната бариера. Меѓутоа, вакво нештоа не се случува за време на тестирањето. При земањето брис, стапчето оди во пределот каде се спојуваат носот и грлото, т.е. во назофаринксот, а главната потешкотија е единствено неудобноста на пациентот.

Исто така, неточно е дека со брисот се краде ДНК. За ова тврдење не постојат никакви докази од медицинската заедница.

Со тестирањето се внесува чип

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Уште едно широко распространето тврдење е дека со ПЦР тестирањето се вградува микрочип.

Молекуларните тестови, односно ПЦР тестовите ги бараат знаците на активната инфекција, а примерокот што се користи за ова тестирање е брис, кој се зема подлабоко од грлото со стапче со памучен врв. На овој памучен врв нема ништо друго освен памук. Нема никакви докази дека тестот за коронавирус е креиран заговор за да се имплантираат микрочипови кај пациентите.

Делумно“ нè вакцинираат преку земање брис 

Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Фејсбук објави лажно тврдеа дека досега преку тестирањето за ковид-19, се вршела и делумна вакцинација на населението и тоа преку нано честички во мозокот на луѓето.

Вистината е дека тестот за детекција на коронавирусот не е назална вакцина и со него не се допира мозокот. Всушност, вакцините не функционираат на таков начин и нема никаква теоретска можност да се вакцинирате преку брис од нос и грло.

Tестовите се отровни и канцерогени

Фото: Testalize.me on Unsplash

ПЦР тестот е само обично пластично стапче со памук на врвот, со кое се собираат примероци од носот и грлото и потоа се обработуваат во лабораторија. Ниту содржи отрови, ниту е канцерогено, како што тврдат теоритичарите на заговори.

Оваа теорија потекнува од фактот што на некои од пакувањата на комплетите за тестирање пишува „стерилизирано во етилен оксид“, кој е канцероген. Но, иако е точно дека оваа хемикалијата се користи во гасовита форма за стерилизирање на тест брисевите, употребените количини се во рамките на безбедносните граници и се „ригорозно тестирани и се безбедни за редовна употреба“, пишува „Вистиномер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...