петок, 16 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: ПЦР-тест | 24 резултати

Вистиномер: ПЦР тестовите не се ни отровни, ни озрачени!

24 декември 2021

Експериментот прикажан на видеото не покажува радиоактивно зрачење, но покажува колку опасни може да бидат манипулативните анонимни видеа со лажни тврдења во нив. Уредот во видеото е тестер за електромагнетно зрачење SoeHong DT 1130, којшто на Амазон може да се купи за 25 евра. Сите ПЦР тестови се стерилизирани со етилен оксид, гас за кој […]

И во приватниот сектор да се работи само со потврда за вакцина, негативен тест или прележан Ковид-19, предлага Стопанската комора

17 ноември 2021

Вработените во приватниот сектор, за време на извршување на работата да исполнуваат еден од условите за заштита од корона вирусот – вакцинација, прележан Ковид-19 или да се тестираат, предложи Стопанската комора на Северна Македонија. Комората реагираше откако денеска министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека Комисијата за заштита од заразни болести ќе предложи на Владата […]

Нови 677 случаи на ковид-19, бројката на активни случаи надмина 8.000

9 ноември 2021

Во последниве 24 часа во земјава се направени се 3.317 лабораториски тестирања, а регистрирани се 677 нови случаи на ковид-19. Во истиот период починале 13 пациенти, покажуваат статистиките на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), според кои што сега во Северна Македонија има над 8.000 активни случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Од новите […]

МНР: Швајцарија, Австрија и Белгија со нови правила за влез на наши државјани

16 септември 2021

Од Министерството за надворешни работи (МНР) апелираат до граѓаните внимателно да се запознаат со новите правила за влез на македонски државјани во Швајцарија, Белгија и Австрија, кои веќе стапија на сила. За Швајцарија повеќе не е во сила забраната за влез на државјани од трети земји, вклучително и од Република Северна Македонија, заради туристички или […]

Од денеска заострени мерки за влез и излез на граничните премини во земјава

1 септември 2021

Од денеска за влез и излез од земјава на граничните премини сите домашни и странски државјани ќе мора да приложат сертификат за вакцинација против ковид-19 за примени две дози на вакцина, сертификат за прележан ковид-19 во последните 45 дена или медицинска потврда со негативен ПЦР тест направен 72 часа пред излезот од земјава или негативен […]

Вистиномер: ПЦР тестот не се исфрла од употреба, туку се подобрува за да детектира истовремено и ковид и инфлуенца

28 август 2021

Новите препораки од Центарот за контрола и превенција на болести на САД, не значат дека ПЦР тестот досега не бил ефективен , како што се тврди во постот, туку се препорачува воведување на нови тестови кои можат во исто време да откриваат и Сарс Ков 2 и инфлуенца. Значи, да бидат за два вируси, наместо само за […]

Филипче: Мерките не го делат народот, туку се нужни

9 август 2021

Јавното здравје и колективната заштита се приоритет, а мерките кои се донесени се исклучиво во таа насока. Тие не го „делат народот“ како што изненадувачки изјави лидерот на опозицијата, туку се нужни за заштита на граѓаните, здравствените работници и самиот здравствен систем. Овие мерки се применуваат во многу држави и веќе даваат резултат. Ова е […]

Македонците претстојново лето ќе можат да влезат во Црна Гора без ПЦР тест

29 април 2021

Во пресрет на летната туристичка сезона, Владата на Црна Гора одлучи да ја вброи Македонија на листата на земји на чии жители ќе им биде дозволен влез без негативен ПЦР тест за ковид-19. Покрај Македонците, на оваа листа се наоѓаат и жителите од другите земји од Балканот (Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Албанија и Косово) […]

Словенија ќе дозволи влез и на лица кои се вакцинирани со „Спутник V“ и „Џонсон и Џонсон“

15 април 2021

Словенија ќе дозволи влез на лица кои се вакцинирани со „Спутник V“ и „Џонсон и Џонсон“, под услов да поминале најмалку 21 ден од првата доза, објави новинската агенција СТА. Претходно, влез без карантин или бесплатен ПЦР-тест важеше за луѓето кои се вакцинирани со „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ или „АстраЗенека“. На владината седница е одлучено, исто така, […]

Осомничен лекар од Гостивар кој за пари давал лажни потврди за негативен ПЦР тест

23 март 2021

Основното јавно обвинителство од Гостивар поведе постапка против лекар од Чегране, кој за одреден финансиски надомест, на две лица им издал лажни извештаи за негативен ПЦР тест. Тој е осомничен дека сторил продолжено кривично дело–Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353, став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик. Надлежен јавен […]

Во Србија од денеска влегување само со негативен ПЦР тест

21 декември 2020

Во Србија денеска стапија на сила нови заштитни мерки против корона вирусот, со кој странски државјани ќе можат да влезат во Србија само со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, јавуваат српските медиуми. Државјаните на Србија, пак, ќе може да влезат во земјата и без таков тест, но ќе мора да одат во […]

Променета е одлуката, од денеска само во Косово ќе може да се влезе без ПЦР тест

12 октомври 2020

И покрај тоа што границите за сите земји од Западен Балкан требаше да бидат отворени, од денеска македонските граѓани ќе можат да патуваат без ПЦР тест само во Косово. Како и досега, останува можноста на граѓаните од нашата земја да ја преминат границата со Албанија без ваков тест. Од Владата информираат дека од денеска влезот […]

Граѓаните ќе може да патуваат во Србија, Косово, Црна Гора и БиХ без ПЦР-тест од 12 октомври

6 октомври 2020

Врз основа на координацијата со министерствата за здравство од регионот, денеска, на седница на Владата донесовме одлука да овозможиме непречен влез на странските државјани од Република Србија, Република Косово, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, информираше премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил. […]

Задолжителен ПЦР тест за косовските државјани кои влегуваат и транзитираат низ државата

10 септември 2020

Владата на третата седница донесе одлука за задолжителен ПЦР-тест за косовските државјани кои влегуваат од Република Косово и транзитираат низ државата. „Државјаните на Република Косово, кои влегуваат на територија на Република Северна Македонија од копнен граничен премин од Република Косово задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CiV-2 тест, направен 72 […]

Од денеска во Србија само со негативен PCR тест не постар од 48 часа

15 август 2020

Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) извести дека на предлог на Институтот за здравје на Србија, српската влада донела одлука со која на граѓаните на Северна Македонија и на уште три земји: Хрватска, Романија и Бугарија, ќе им биде потребен ПСР тест за влез во Република Србија. Одлуката за државјаните на овие четири земји, меѓу […]

Од утре, Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

14 август 2020

Директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје, Бобан Мугоша, соопшти дека Црна Гора од утре ќе ги отвори границите со нашата држава, пренесува Цдм.ме. „Црна Гора ќе ги отвори своите граници со Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и западноевропските земји од утре“, најавил Мугоша во утринската програма на телевизија Вијести. Како што […]

Од 17 август преку „Евзони“ во Грција ќе може да се влегува само од 6 до 22 часот со негативен тест

13 август 2020

Почнувајќи од понеделник, 17 август до 31 август, на граничниот премин „Евзони“, само во периодот од 6 до 22 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само државјани на Република Грција, државјани на трети земји кои имаат регулиран престој во Грција, EULEX-дипломатски персонал и членови од нивните семејства, лица кои патуваат […]

Бугарија ќе дозволи влез на македонски државјани со негативен PCR тест

27 јули 2020

Бугарската влада ќе им дозволи на македонските државјани и на граѓаните на уште четири други земји да можат да влезат во оваа земја со негативен PCR тест, не постар од 72 часа, јавуваат бугарските медиуми. На туристите од Северна Македонија, Молдавија, Србија, Израел и Кувајт ќе им биде дозволен влез во Бугарија со претходно извршено […]

Комисијата за заразни болести дала предлог до Владата да се воведе ПЦР тест за граѓаните од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора

8 јули 2020

Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук-профил информираше дека Комисијата за заразни болести утрово одржала состанок на кој донела одлука да достави предлог до Владата, од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од […]

Од утре се отвораат сите гранични премини, но со посебни услови за влез во земјава

16 јуни 2020

Владата на денешната седница донесе одлука од утре, 17 јуни, да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Северна Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. „Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација […]

Страна 1 од 1