fbpx

Променета е одлуката, од денеска само во Косово ќе може да се влезе без ПЦР тест

-

И покрај тоа што границите за сите земји од Западен Балкан требаше да бидат отворени, од денеска македонските граѓани ќе можат да патуваат без ПЦР тест само во Косово. Како и досега, останува можноста на граѓаните од нашата земја да ја преминат границата со Албанија без ваков тест.

Од Владата информираат дека од денеска влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.

Променетата одлука е резултат на влошувањето на состојбата со ковид-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи.

„Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа“, информираат од владината прес-служба.

Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...