fbpx

И во приватниот сектор да се работи само со потврда за вакцина, негативен тест или прележан Ковид-19, предлага Стопанската комора

-

Вработените во приватниот сектор, за време на извршување на работата да исполнуваат еден од условите за заштита од корона вирусот – вакцинација, прележан Ковид-19 или да се тестираат, предложи Стопанската комора на Северна Македонија.

Комората реагираше откако денеска министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека Комисијата за заштита од заразни болести ќе предложи на Владата нови мерки, односно сите вработени во јавниот сектор, односно вработените во локалната самоуправа, во државните институции, при одење на работно место ќе мора да прикажат потврда за примена најмалку една доза вакцина или пак, да имаат негативен ПЦР тест направен на соствен трошок. Ако тоа го немаат, ќе треба да прикажат потврда дека прележале ковид во последните 45 дена или пак, да покажат потврда од лекар специјалист во која ќе биде наведено зошто не можат да примат вакцина, а тоа се оние ретки имунолошки состојби, за кои ќе Министерството за здравство ќе објави листа на болести и спецјалисти кои тие потврди ќе ги издаваат. Филипче рече оти се препорачува тоа да се следи и во приватниот сектор, на што веднаш со одобрување реагираше Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ).

Предлогот е резултат на спроведена анализа и сериозна дискусија низ органите и телата на Комората, на кои се иницира дека по примерот на некои држави од соседството и пошироко, заради превенција на здравјето на вработените во приватниот сектор и непречено одвивање на работните процеси, потребно е и во нашата држава да се предвидат определени задолжителни мерки за вработените во приватниот сектор, за што во понеделник и официјално беше поднесена иницијатива до надлежните институции, соопшти Анета Трајковска, потпретседател во Стопанската комора.

Од Комората бараат за вработените кои не се вакцинирани или го немаат прележано вирусот, да се предвиди воведување на задолжително тестирање најмалку еднаш неделно со брзи антигенски тестови, со само-тестирање или во државни и приватни дијагностички центри, според одлуката на работодавачите.

При тоа, трошокот за тестирање со брзи антигенски тестови се проценува дека треба да биде на терет на работникот, за да се постигне подигнување на степенот на имунизација во пократок временски период и да се спречат мутациите на вирусот, истакна Трајковска.

Од Комората додаваат дека со цел мерката на задолжително тестирање да не предизивка значителни материјални трошоци за работниците, а и поради ризикот од покачување на цените на антигенските тестови поради зголемената побарувачка, предложиле Владата да донесе одлука со која ќе се определи највисоката цена за овој вид на тестови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...