fbpx

Ковид рекорди во Грција: 21.657 ново заболени за еден ден

-

Вчера Грција забележа нов рекорден број на инфицирани со коронавирусот за еден ден, соопштија тамошните власти, додавајќи дека тоа е доказ за големата заразност на новиот вид омикрон. За 24 часа во Грција се заразени 21.657 лица, што е двојно повеќе од заразените во понеделникот, кога беа пријавени 9.284 нови случаи од кои повеќето во Атина и Солун. За исто тоа време починале 60 лица. Од почетокот на епидемијата досега починале 20.557 лица, објави Екатимерини.

Веќе неколку дена во Грција се применуваат нови владини мерки во справувањето со ширењето на ковид-19. Меѓу мерките кои ќе траат до 3 јануари се силна препорака туристите да се тестираат на вториот и четвртиот ден по пристигнувањето, задолжителна маска и на отворено и на затворено, задолжителна двојна маска или КН95 во супермаркетите и јавниот превоз, откажување на сите јавни собири за празниците, силна препорака за тестирање пред празничните собири.

Експертите бараат задолжителен ПЦР тест за сите невакцинирани лица кои работат во областа на туризмот. Полицијата засилено и постојано го следи носењето маски на отворено, казнувајќи повеќе од 2.000 луѓе дневно со казна во висина од 300 евра.

Казната за фирмите како и другите субјекти кој што не ги почитуваат ковид-19 мерките се зголемува на драстични 25 илјади евра и дополнително одземање на лиценцата за работа на два месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...