fbpx
Таг: ковид -19

таг: ковид -19

Обединетото Кралство ќе биде домаќин на Глобалниот самит за вакцини и собирање финансиски средства за Алијансата за вакцини – Гави

Како што продолжува неизвесноста околу Ковид-19, нациите од целиот свет секојдневно соработуваат за да ги усогласат напорите за создавње на безбедна, ефективна и глобално достапна вакцина и се надеваат дека ќе ја постигнат оваа цел во рекордно време. Додека со рестриктивните мерки и социјалното дистанцирање купивме време и се здобивме со еден вид на контрола, она што ни е навистина...

Девет нови случаи на Kовид-19 во Штип, текстилната фабрика останува жариште

Група епидемиолози од Институтот за јавно здравје во Скопје денеска се во Штип, во увид на состојбата, откако деновиве се појавија нови случаи на заболени од Kовид-19, со жариште во текстилна фабрика. Во Центарот за јавно здравје во Штип денеска се евидентирани девет нови случаи до 12 часот, додека во евиденцијата на Министерството за здравство, според вчерашните тестирања, има...

Новозаразени се 25 лица, тројца пациенти починале, а 17 оздравеле

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 25 новозаразени пациенти со Ковид-19, 17 оздравени пациенти, како и тројца починати како резултат на компликации предизвикани од вирусот, информира Министерството за здравство. „На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга (58) и пациент од Скопје (47) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ почина...

Три месеци по првиот случај на Ковид-19 во земјава, се укинува полицискиот час

Три месеци по откривањето на првиот случај на Ковид-19 во земјава, по над 2.000 заболени и 116 починати граѓани, владата одлучи од утре (27.05.2020) да го укине секојдневниот полициски час. Полицискиот час беше воведен пред повеќе од два месеци, на 22 март годинава. На денешната прес-конференција во Владата, министерот за здравство Венко Филипче рече дека по три месеци од првиот...

Секој трет заболен од Ковид-19 нема симптоми – колку се вкупно „невидливите сејачи“ на болеста? (инфографик)

Од околу 2.000 до сега регистрирани заболени со Ковид-19 во земјава, дури 32,3 отсто воопшто немаат симптоми, но можат да ја пренесуваат болеста. Според дневниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) две третини од асипмтоматските случаи (75%) „имале контакт со веќе потврден случај во државата“. Се поставува прашањето, ако секој трет од регистрираните заболени воопшто нема симптоми тогаш колкав...

Пет позитивни работи од пандемијата на Ковид-19 (Видео)

Дали од пандемијата со Ковид-19 може сепак да излезе и нешто позитивно? Кика Авеиро вели да, таа споделува пет работи кои, според неа, се покажуваат како позитивни ефекти како резултат на оваа пандемија. https://www.youtube.com/watch?v=oUj9sHpl9aI

Уште еден починат, 20 нови случаи и 24 оздравени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти. Во ГОБ „8 септември“ починал пациент од Скопје (63г), примен на болничко лекување на 6 мај како сомнителен на Ковид-19, а бил потврден како позитивен еден ден подоцна. Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во:...

Полициски час утре и в понеделник, пензиите ќе се исплаќаат од среда

Покрај стандарниот полициски час, од 19 часот вечерва, до 5 часот утре, Владата наложи и долг полициски час што ќе почне утре во 11 часот (претпладне) и ќе трае до 5 часот во вторник. На својата 56-та седница вчера, Владата ја изменила и одлуката за карантин за македонските граѓани што се враќаат од странство, па ако тие приложат ПЦР тест...

Регистрирани 23 нови случаи на Ковид-19, вкупно активни случаи се 422

Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на Ковид-19, информираат во Министерството за здравство. Дванаесет од случаите се во Скопје, четворица од Куманово и во Тетово, двајца во Прилеп и еден случај во Неготино. - Направени се 702 тестови. Досега во земјата се направени вкупно 24.018 тестирања на Ковид-19. Од вкупниот број направени...

Повторно дезинформации за одбрана од корона со инхалации

Photo: Couleur/Pixabay
Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

И ИВЗ и ВМРО-ДПМНЕ против викенд-полицискиот час

Исламската верска заедница (ИВЗ), уште во понеделникот со писмо ја известила Владата дека ако се воведе планираниот полициски час за време на продолжениот викенд, тоа ќе значи дека Владата ќе ја изгуби довербата на сите муслимански верници, оти во претходниот месец не е воведен целосен полициски час во ниту еден викенд, а сега има намера да се направи тоа...

УНДП: Стапката на човековиот развој годинава ќе почне да опаѓа за прв пат од 1990 година

Стапката на глобалниот човеков развој, која може да се измери како комбинација од стандардите на образование, здравство и живеење низ светот, годинава може за прв пат да опадне, откако концептот беше воведен во 1990 година, предупреди Програмата за развој на обединетите нации (УНДП). „Светот се има соочено со многу кризи во изминатите 30 години, како што беше глобалната финансиска криза...

Се демонтира мобилната болница до Инфективна клиника

Министерството за здравство информираше дека вчера почнало демонтирањето на шаторите од мобилната болница која беше поставена како надополнување на капацитетите на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, за случај на зголемување на бројот на пациенти за хоспитализација. Мобилната болница „Role 2“, добиена како донација од Норвешка, имаше капацитет од 130 кревети и комплетна опрема, а беше поврзана...

Грчки медиуми дезинформираат дека вакцината против грип го зголемува ризикот од Ковид-19

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Зголемениот број новозаразени е резултат на олабавените мерки, но епидемијата е под контрола

Сите здравствени и нездравствени работници, кои се на првата линија на фронтот во битката со ковид-19, ќе добијат награда од 20 отсто поголема плата, информира на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој напомена дека се работи за сите оние кои се вклучени во работата со пациентите со корона вирус - доктори, медицински сестри, болничари, транспортери, возачи во итната медицинска...

Во Грција објавено две години старо видео од Бразил со кое се дезинформира јавноста за Ковид-19

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Вработен во „Ванхол“ е првиот заболен во Лозово од Ковид-19, нема заболени во Свети Николе

Мала забуна меѓу граѓаните на Свети Николе предизвика веста од Министерството за здравство дека еден од новозаболените лица со Ковид-19 е од оваа општина. Меѓутоа, набргу се решија дилемите и Свети Николе и натаму останува еден од ретките македонски градови без Ковид-19. Заболеното лице е од селото Дорфулија, Општина Лозово, кое работи во странската компанија „Ванхол“ во индустриската зона...

Педесет пациенти оздравеа од Ковид-19, новозаразени се 22, а двајца пациенти починаа

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 50 оздравени пациенти во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Крива Паланка и во Валандово. Министерство за здравство информира дека во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Скопје на седумдесет и осум годишна возраст, кој бил примен на 7 мај, како и пациент од Тетово (77), кој бил на болничко лекување од 14 мај. „Во изминатите...

Српската владејачка партија неосновано ја смести Србија меѓу земјите со најниска смртност од Ковид-19

Illustration: Fakenews.rs
Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Денеска потврдени 25 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 8 пациенти, починаа 3 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие се регистрирани 25 нови случаи на Ковид-19, и тоа во Скопје најмногу - дури 16, во Тетово 4, во Охрид и Велес по 2 и во Струга еден нов случај. Во изминативе 24 часа направени се 286 тестирања. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починала 60-годишна пациентка од Куманово, хоспитализирана...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...