fbpx

УНДП: Стапката на човековиот развој годинава ќе почне да опаѓа за прв пат од 1990 година

-

Стапката на глобалниот човеков развој, која може да се измери како комбинација од стандардите на образование, здравство и живеење низ светот, годинава може за прв пат да опадне, откако концептот беше воведен во 1990 година, предупреди Програмата за развој на обединетите нации (УНДП).

„Светот се има соочено со многу кризи во изминатите 30 години, како што беше глобалната финансиска криза во 2007-09. Секоја криза претставуваше удар за човековиот развој, но севкупно гледавме раст во стапката на развој од година во година,” изјави Администраторот на УНДП Ахим Штајнер.

Сепак, со појавата на Ковид-19 се забележува пад во основните категории на човековиот развој, кои се чувствуваат во повеќето земји, без разлика дали се богати и сиромашни или во кој регион се лоцирани.

Администраторот на УНДП Ахим Штајнер го опиша Ковид-19 како тројна закана за здравството, образованието и приходите, кои можат да го променат трендот на раст на стапката на човековиот развој.

Бројот на мртви од Ковид-19 на светско ниво надмина 300.000, додека светскиот БДП по глава на жител годинава се очекува да падне за четири проценти, се вели во соопштението на УНДП.

„Со затворањето на училиштата, УНДП проценува дека стапката на деца на возраст од основно образование кои моментално не следат настава, прилагодена за оние кои имаат интернет пристап, изнесува 60 проценти. Оваа стапка последен пат била толку висока во 1980-тите години“, стои во нивното соопштение.

УНДП посочува дека комбинираните последици на овие шокови може да го предизвикаат најголемото назадување во човековиот развој кое досега го имаме забележано.

„Ова е без броењето на други значајни ефекти, како врз напредокот кон родовата еднаквост. Негативните последици за жените се разновидни: намалена заработка и заштеда, намалена сигурност на работни места, намалено репродуктивно здравје, неплатена негувателска работа и пораст во родово-базираното насилство“, се вели во соопштението на УНДП.

Организацијата очекува падот во стапката на човековиот развој да биде многу поголем во земјите во развој, кои се помалку способни да се справат со социо-економските последици од пандемијата.

„УНДП проценува дека во земјите во развој дури 86 проценти од децата на одделенска и предодделенска возраст ефективно не следат настава, имајќи го во предвид затворањето на училиштата и големиот јаз во достапноста на онлајн учењето. Ова е наспроти само 20 проценти од децата на иста возраст во земјите со висока стапка на човеков развој“, истакнуваат од УНДП.

Од УНДП потенцираат дека правичноста во креирањето на политиките треба да се има на ум при справувањето со оваа криза. Ова е особено важно за ‘новите потреби’ на 21-от век, како интернет пристапот кој помага со пристапот до образованието, здравството и можностите за работа од дома.

Во Рамката на Обединетите Нации за итен социо-економски одговор на КОВИД-19 кризата се препорачуваат пет приоритетни чекори за справување со комплексностите на оваа криза: заштита на здравствените системи и услуги; зголемување на социјалната заштита; штитење на работни места, мали и средни бизниси и работници во неформалниот сектор; создавање на макро-економски политики кои работат за сите; и промовирање на мир, добро владеење и доверба за градење на општествена кохезија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...