fbpx

УЈП ги потсетува граѓаните до 31 мај да ги проверат нивните годишни даночни пријави

-

На 31 мај истекува рокот за потврдување или коригирање на годишните даночни пријави. Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните дека треба да извршат проверка во овој рок на нивната даночнa пријавa. Ако не го направат ова, на 1 јуни годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус – потврдена или коригирана.

„На 01.06.2020 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени ниту коригирани. Годишната даночна пријава која што граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2019 година“, се вели во соопштението на УЈП.

Воедно, апелираме до граѓаните кои оствариле приходи, а сè уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот, меѓу нив и заштедата на време коешто досега даночните обврзници го губеа чекајќи во долги редици пред шалтерите и во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Спасовски: Наместо амнестија, повеќе затвори

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека законот за амнестија се носи во несоодветен момент, како и дека со опфатот што е најавен нема да допринесе значително за...