fbpx

Се демонтира мобилната болница до Инфективна клиника

-

Министерството за здравство информираше дека вчера почнало демонтирањето на шаторите од мобилната болница која беше поставена како надополнување на капацитетите на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, за случај на зголемување на бројот на пациенти за хоспитализација.

Мобилната болница „Role 2“, добиена како донација од Норвешка, имаше капацитет од 130 кревети и комплетна опрема, а беше поврзана со топла врска со Клиниката за инфективни болести и фебрилни заболувања. Таа беше поставена во соработка со Министерството за одбрана и Армијата во март.

– Ова е голем успех што немавме потреба од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти од Ковид-19, бидејќи од почетокот на епидемијата во земјата постоечките болнички капацитети за хоспитализација на овие пациенти се стабилни и исполнети само 10 проценти. Успешно го амортизиравме ударот врз нашиот здравствен систем, но покажавме подготвеност да се справиме и со полоши сценарија – вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Во меѓувреме со донација од Швајцарската амбасада се постави монтажната болница како дел од системот за понатамошното справување со Ковид-19 во земјата.

Таа ќе се користи како Ковид центар, а во иднина како ургентен центар на Инфективната клиника, каде што ќе се прави тријажа на пациентите, кои потоа ќе се распределуваат, согласно нивната здравствена состојба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Од четврток ќе сообраќаат автобуските линии „100“ и „200“ за полесен пристап до Саемот на книгата

Од четврток, во редовниот линиски превоз на ЈСП Скопје ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“ со кои ќе се овозможи полесен пристап на посетителите до Меѓународниот саем на...